Медал за учество во хуманитарни или мировни операции, надвор од територијата на Република Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Медал за учество во хуманитарни или мировни операции, надвор од територијата на Република Македонија
Доделена заУчество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија на кој е претставен називот на операцијата и бројот на учеството во истата, се доделува на: - припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, како и на граѓаните на Република Македонија ангажирани во активности во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија.
ДржаваМакедонија Македонија
ДоделуваПретседател на Република Македонија
МедалНе се доделува


Медал за учество во хуманитарни или мировни операции, надвор од територијата на Република Македонија е сервисен медал за учество во странски мисии. Ова е единствениот медал кој на рибонот има број кој укажува на редниот број на медалот на добитникот.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Изгледот на ликовно-графичкото решение на медалот за учество сè уште не е дефиниран и покрај спроведени два конкурса за избор на ликовно-графичко решение.

Критериуми[уреди | уреди извор]

Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија на кој е претставен називот на операцијата и бројот на учеството во истата, се доделува на: - припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, како и на граѓаните на Република Македонија ангажирани во активности во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија. Медалот се доделува за секое учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија, и тоа: - прво учество, медал со чист рибон, - второ учество, медал со бронзена ѕвезда на средина на рибонот, - трето учество, медал со бронзена ѕвезда и број 1 на средина на рибонот, - четврто учество, медал со сребрена ѕвезда на средина на рибонот, - петто учество, медал со сребрена ѕвезда и број 1 на средина на рибонот, - шесто учество, медал со златна ѕвезда на средина на рибонот и - за учество во секоја следна мисија, медал со златна ѕвезда и со последователен број на средина на рибонот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]