Медал за заслуги за Македонија
Медал за заслуги за Македонија | |
---|---|
![]() | |
Доделена за | Придонеси во развојот и афирмацијата на сите области во животот и работата во Македонија. |
Држава | ![]() |
Доделува | Претседател на Република Македонија |
Прво доделување | 2007 |
![]() |
Медалот за заслуги за Македонија е македонско одликување за најразни области животот и работата.
Особености[уреди | уреди извор]
Има основна кружна форма со димензии од 40мм. Три милиметри надвор од левата страна на габаритот излегува венецот од дабови гранки. На левата страна има стилизиран венец од житен клас. Во централниот дел се издигнува апликација на географските контури на Република Македонија, а под него е испишано „Република Македонија“.
Медалот е изработен од сребро или патинирана бронза во техниката ковање. Носи на соодветна триаголна лента и има минијатурна лента.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одликвуањата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одликвуањето. Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одликувањата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одликувањето. Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Критериуми[уреди | уреди извор]
Медалот за заслуги за Македонија се доделува на:
- физички и правни лица за постигнати резултати кои придонесуваат за значаен развој и афирмација на Република Македонија во сите области на животот и работата, како и за развивање на пријателски односи меѓу Република Македонија и други држави, меѓународни органи, организации или асоцијации.
Добитници[уреди | уреди извор]
Име и Презиме | Година на одликување | Напомена |
---|---|---|
Франтишек Вацлав Мареш | 2007 | Академик |
Влоѓимјеж Пјанка | 2007 | Академик |
Нуло Миниси | 2007 | Академик |
Хораст Плант | 2007 | Академик |
Иван Доровски | 2007 | Академик |
Рина Усикова | 2007 | Академик |
Благоја Дрнков | 2008 | за уметнички и културни достигнувања од областа на фотографијата и кинематографијата |
Горан Калоѓера | 2008 | професор на Универзитетот во Риека, Хрватска |
Слободан Ценов | 2008 | Шампион во Крводарителство |
Борис Јанев | 2008 | Шампион во Крводарителство |
Глигор Делев | 2008 | Втор Македонец на Монт Еверест |
Ацо Алексоски | 2008 | Шампион во Крводарителство |
Миливој Јанковски | 2008 | Шампион во Крводарителство |
Рамадан Телкиу | 2008 | Шампион во Крводарителство |
Димитар Илиевски - Мурато | 2008 | Прв Македонец на Монт Еверест |
Енио Мориконе | 2009 | италијански филмски композитор |
Кијоши Мизуно | 2011 | почесен генерален конзул на Република Македонија во Јапонија |
Јованка Смилевска | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија |
Дијана Стерјовска | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија |
Виолета Јовановска | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија |
Зоран Бечваровски | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија |
Зоран Ќосески | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија |
Борис Начов | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со САД |
Мајк Зафировски | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со САД |
Ферид Мурад | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со САД |
Коста Гас Стенвик | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Канада |
Ангел Митревски | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Хрватска |
Владимир Ралев | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Хрватска |
Павле Велков | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Швајцарија |
Илона Захариева | 2013 | за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Италија |
Елена Верижникова | 2014 | водечки специјалист по македонски јазик во Русија |