Орден на Република Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орден на Република Македонија
Orden na RM.jpg
Го доделува Претседателот на Република Македонија
Виддржавно одличје
ЗемјаМакедонија Македонија
Лента         
Подобностличности и правни лица, владини и невладини организации, здруженија, шефови на држави и на влади
Добитници
ПрвКиро Глигоров
ПоследенЏорџ Буш
Вкупно7 доделени
Преседан
ПонискоОрден „8 Септември“
MKD Order of the Republic of Macedonia BAR.svg

Орден на Република Македонија — највисокото државно одликување на Република Македонија. Составен од орденски знак на гердан и од орденска ѕвезда. Орденската ѕвезда има основна кружно-ѕвездеста форма со димензија од 91 мм. Медалјонот на орденската ѕвезда е идентичен со орденскиот знак. Тој е во кружна форма со димензија од 57 мм. Орденскиот знак со соодветна јазолна алка висока 3,5 см е врзан за герданот на орденот. Двете форми на герданските алки, наредени со наизменична меѓусебна врска долга 80 см го сочинуваат герданот на орденскиот знак. Димензиите на алките се лимитирани од дадената должина на герданот.

Составни делови[уреди | уреди извор]

  • Штитот од ѕвездата е престава на споени брановидно-тутунови зраци кои на својот врв имаат топчест завршеток во кој се вметнати рубини. Во централното поле е вметнат соодветен рубин. Централниот медалјон околу рубинот има стилизација на флорални елементи, а стилизирани палмети го заокружуваат централниот дел на медалјонот. Маргиналниот венец на медалјонот е составен од нишка од брилијанти.
  • Медалјонот на орденскиот знак е идентичен со централниот медалјон на орденската ѕвезда.
  • Алката меѓу герданот и орденскиот знак е стилизација на гордиев (хераклев) јазол и детал од маргините на Болоњскиот псалтир.
  • Орденот има соодветна минијатурна лента со димензија (1,5 мм со 3,5 мм) во црвена боја со две паралелни жолти нишки. Редниот број на орденот, жигот за чистотата на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденскиот знак и на орденската ѕвезда.

Орденот на Република Македонија е изработен од 18 каратно злато, има родиумски третирани елементи, соодветно тониран топол емајл и скапоцени камења, во современа јувелирско - ковна техника.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

Критериум[уреди | уреди извор]

Орден на Република Македонија - се доделува на:

Добитници на одликувањето[уреди | уреди извор]

Одликувани со Орденот на Република Македонија се поранешните претседатели на Македонија и три реномирани институции.

Име и Презиме Година Заслуга
Киро Глигоров 2005 Прв Претседател на Република Македонија
Борис Трајковски 2005 Посмртно доделен. Втор Претседател на Република Македонија
МАНУ 2007 за исклучителниот придонес во утврдувањето на националната политика и развојот на научната работа и уметничкото творештво, како и за поттикнување и координирање на научно-истражувачката дејност од значење за севкупниот развој и афирмација на македонската наука и држава
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ 2007 за постигнатите исклучителни резултати во долгогодишната научна, наставна и апликативна дејност, давајќи значителен придонес за севкупниот развој и афирмација на Република Македонија како современа демократска држава во светот
Македонска православна црква 2007 за улогата како стожер на националното и духовното опстојување и како чувар и афирматор на националниот идентитет на македонското постоење
Методија Андонов - Ченто 2011 Посмртно доделен. Прв Претседател на македонската држава и прв претседател на Президиумот на АСНОМ
Џорџ В. Буш 2015 43 претседател на САД , за големиот придонес во градењето на пријателските односи помеѓу Република Македонија и САД.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Груевски му врачи Орден на Република Македонија на Џорџ Буш“, „Дневник“, 27 септември 2015 (посет. 1 октомври 2015 г).
  2. „Груевски му врачи орден на Република Македонија на Џорџ Буш помладиот!“, Фокус, број 1044, 9 октомври 2015, стр. 22.