Орден за воени заслуги (Македонија)
Орден за воени заслуги | |
---|---|
Вид | воено одличие |
Доделена за | Успеси и постигнувања на безбедносните сили на Македонија |
Држава | Македонија |
Доделува | Претседател на Македонија |
Статус | се доделува |
Орденот за воени заслуги — високо воено одличие на Република Македонија кое се доделува за храброст и воопшто, истакната служба на воен план.
Особености
[уреди | уреди извор]Има основна медалјонска форма со димензии од 65мм. Медаљонот има форма на осмокрака ѕвезда, чии краци се спојуваат во круг кој го сочинува мотото -за татковината и знамето на Република Македонија. Околу краците на ѕвездата има венец од дабови гранки. Над орденскиот знак има карика од вкрстени мечеви со апликација на дабов лист. Орденот е изработен од сребро, позлата, тониран топол емајл. Има соодветна лента со која се носи на врат.
Редниот број на орденот, соодветен жиг за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот се втиснати на задниот дел на орденот.
Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.
Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Критериум
[уреди | уреди извор]Орденот за воени заслуги се доделува на:
- на припадници на безбедносните сили на Република Македонија, на воени старешини за извонредни успеси во организирањето и командувањето со вооружените сили за време на војна и мир; во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на Република Македонија; во командувањето и раководењето со безбедносните сили и воените единици или установи за дејствија коишто придонесуваат за успешна и ефикасна одбрана на независноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Републиката;
- за особена храброст или за посебни заслуги на полицајци, војници, старешини, полициски единици и воени единици, штабови, команди и установи, кои со својот пример и умешност во раководењето со единицата, односно установата создаваат услови за постигнување на исклучително добри успеси или кои се одликуваат со старешински, полициски и војнички особини што им служат за пример на другите старешини и војници, како и на граѓански лица на служба во вооружените сили на Република Македонија за постигнување на особени резултати од значење за одбраната на Републиката;
- на воени и полициски единици и установи за повеќегодишно успешно работење и постигнување на особени резултати во развивањето и јакнењето на безбедносните сили и вооружените сили во Република Македонија и
- на припадници на странски вооружени сили за особен придонес за успешно остварување и унапредување на односите и соработката меѓу вооружените сили на нивната држава и вооружените сили на Република Македонија.
Добитници
[уреди | уреди извор]- 2005 – Баталјон за специјални намени „Волци“
- 2007 – Прва механизирана пешадиска бригада ЗОК на АРМ
- 2007 – Втора механизирана пешадиска бригада ЗОК на АРМ
- 2012 – генерал-потполковник Митре Арсовски
- 2012 – Воената академија на Република Турција
- 2012 – Националната гарда на Вермонт, САД
- 2012 – Баталјонот за специјални намени од Одредот за специјални намени на АРМ
- 2016 – Единица за брзо распоредување „ЕБР“ [1]
- 2016 – Единица за специјални задачи „Тигар“ [2]
- 2016 – Баталјон на Воена полиција при Армијата на Република Македонија [3]
- 2016 – Инженерски баталјон при Армијата на Република Македонија [3]
- 2016 – Оддел за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи [3]
- 2016 – Единица за обука и поддршка при Министерството за внатрешни работи [3]
- 2017 – Команда за обука и доктрини на АРМ [4]
- 2017 – Баталјонот за почести на АРМ [4]
- 2017 – Четврт механизиран пешадиски батајлон на АРМ [4]
- 2018 – Прв Механизиран пешадиски баталјон при АРМ [5]
- 2018 – Баталјонот за врски при при АРМ [5]
- ↑ http://vesti.mk/read/news/8962667/3222056/odlikuvanja-za-pripadnici-na-bezbednosnite-sili-na-mvr[мртва врска]
- ↑ http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/3810-dodeluvanjeordenzavoenizaslugimedalzahrabrost.html[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-06-26. Посетено на 2016-08-19.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 http://president.mk/mk/2011-09-03-12-21-37/4537-n18082017.html[мртва врска]
- ↑ 5,0 5,1 „Одликувања и признанија“. president.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 2018-08-17.