Ќамуран Шакиров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ќамуран Шакиров
1961 – 21.08.2001 (40 г.)
Ќамуран Шакиров.png
Роден во:Велес, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Рашче, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Logo of the Army of the Republic of Macedonia.svg Резервист во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја:Medal za hrabrost mk.png Медал за храброст


Ќамуран Шакиров (Велес, 1961Рашче, Општина Сарај, 21 август 2001) бил македонски бранител со ромско потекло, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во несреќен случај на стража кај скопското село Рашче на 21 август 2001 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Ќамуран Шакиров е роден во 1961 година во Велес и потекнува од ромско семејство. Кога започна воениот конфликт 2001 година беше дел од „Велешката бригада“, која во текот на седумте месеци воени операции беше распоредена на Матка, Рашче, Танушевци, Карпалак, Кучково, Слупчане и Ваксинце. Шакиров посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.[2] Неговото име е испишано на бронзената плоча на споменикот на бранителите во центарот на Скопје. Шакиров е еден од шестмината велешки бранители кои го положија својот живот во територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Резервист што убил другар на стража ќе оди во затвор или во душевна болница?“. Дневник. 2002-10-10.
  2. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012.
  3. „Организацијата на резервни офицери одбележа 15 години од воениот конфликт во 2001 година“. MKD.mk. 27 април 2016.