Кире Костадиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кире Костадиновски
06.12.1976 – 28.04.2001 (24 г.)

Роден во:Горно Оризари, Битолско, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакрот кај Вејце
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полициски специјалец (ПЕП)
Единици: СВР Битола
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Кире Костадиновски (Горно Оризари, Битолско, 6 декември 1976Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Битолска чета ПЕП. На сликата се Бошко Најдовски († 25), Илче Стојановски († 24) и Кире Костадиновски († 24), кои подоцна ќе загинат заедно во масакрот кај Вејце на 28 април 2001 година.

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Не дочека да ја види и да и се израдува на својата рожба. Во полициска униформа замина Кире од населбата Горно Оризари и од Битола, таму на Шар Планина, каде што беснееја терористичките банди. На 28 април 2001, во попладнедневните часови со групата бранители и Кире тргна на патот кон селата Вејце и Селце. Заседата беше стравична, масакрот и дивјаштвото кое можеби никаде и никогаш на светот и веков не се случило, беше кобната судбина на младоста македонска.

Раните печеа од терористичките ками и истрели и во тој непребол насилно во дивината на Шар Планина бранителите секој во сопствената мака ја испуштаа последната издишка. Масакрот кој и зошто го направи сè уште е енигма која трае. Синот, татковото посмртче е утехата и богатството на сопругата, кои веруваат дека сепак ќе ја дознаат вистината за Кире.

Во масакрот кај Вејце, Кире бил тешко ранет со проектили во пределот на градниот кош и стомакот. Бил запален додека бил сè уште жив, зашто во белите дробови му е најден јагленороден моноксид. Смртта кај Кире настанала како резултат на развивање на тешко шокова состојба предизвикана од дејствување на проектили во пределот на градниот кош и стомакот, како и поради изгореници и труење од јаглерод моноксид, што му е пронајден во белите дробови, од што се извлекува заклучок дека бил запален додека сè уште давал знаци на живот.

Кире Костадиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Масакрот кај Вејце“ (PDF). Македонско Сонце. 17 ноември 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-04-08. Посетено на 2015-01-11.
  2. „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-28.