Александар Стојчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Стојчев
13.07.1971 – 23.06.2001 (29 г.)

Прекар:«Аце»
«Сашо»
Роден во:Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Битка во Арачиново
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полицаец во МВР
Единици: МВР
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст


Александар Стојчев (Пинтија, Скопје, 1971Арачиново, Скопско, 23 јуни 2001) бил македонски бранител, полицаец во МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 23 јуни 2001 кај гробиштата во Брњарци во Битката за Арачиново.[1] Официјално загинал при престрелка со албанските терористи, но постојат тези дека е убиен од граната на македонската армија, поради некоординираност помеѓу АРМ и МВР.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Живот, војната 2001 и сведоштва[уреди | уреди извор]

Бдееше врз мирниот сон на својот град. На работното место во полициската станица Аеродром, неговиот збор, совет и искуство со респект се слушаа, уважуваа и почитуваа. Со личен пример покажуваше како се извршува поставената задача. Кога беше посебно тешко и неизвесно, беше во Арачиново.

На 23 јуни 2001 година, со цел на терористичкото насилије и престрелка беше и Александар, ословуван по своите прекари Аце или Сашо. Трагичната вест брзо се пронесе а немилиот настан никогаш да не се повтори, но и да не се заборави. 30 годишниот полицаец го остави неговиот син сирак, а сопругата со многу болка и искушенија кои ја очекуваат во животот. Заедно со родителите кои ја проколнуваат судбината во незаборав и спомен Александар ќе го носат сите оние кои го познаваа и кои им помагаше.

Во негова чест, во паркот на бранителите во скопско Драчево е поставен спомен плоча на меморијалната фонтана.[3] Александар Стојчев посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]

Вистината околу смртта и некоординираноста помеѓу АРМ и МВР[уреди | уреди извор]

За време на војната во 2001 година, кога функционираше таканаречената широка влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски. Македонската јавност сè уште се замајува со некаква верзија за настанот според која сè се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое претходно, на 9 јуни 2001 година, тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. Ниту една влада досега не успеала да го расветли контроверзното загинување на бранителите кај гробиштата во Брњарци, село на околу два километри од скопско Арачиново.[5]

Потресните информации за загинувањето на полицајците на гробиштата кај Брњарци, според поранешниот разузнавач Јанко Бачев, се криеле од јавноста затоа што државата ќе морала да им плати обесштетување на нивните семејства.

На гробиштата кај Брњарци на 23 јуни 2001 година кога загинаа тројцата полицајци Александар Стојчев, Никола Пехчевски и Атанас Јанев, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Почина по пет дена, на 21 годишна возраст. Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Четворица бранители загубивме кај Арачиново“. Нова Македонија. 23 јуни 2014. Посетено на 2014-04-08.[мртва врска]
  2. „Државата мора да ги расчисти сите контроверзии за загинувањето на македонските бранители!“. МКД.мк. 10 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-04-08.
  3. „Се пушти во употреба Паркот на бранителите во Драчево“. kiselavoda.gov.mk. 28 јули 2013. Посетено на 2015-04-08.
  4. „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-30.
  5. „Битка за Арачиново“. ndm.org.mk. 23 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-04-08.
  6. „Загинаа за државата, а нема кој да ја исправи неправдата за нивните семејства“. МКД.мк. 9 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-04-08.