Посебна единица за поддршка
Посебна единица за Поддршка | |
---|---|
Земја | Македонија |
Припадност | МВР |
Вид | Специјална единица |
Улога | Основни задачи:
|
Големина | 600 |
Прекари | ПЕП |
Битки | Македонија 2001 Битка во Арачиново |
Команданти | |
Тековен командант | Митко Чавков |
Посебна единица за поддршка или Посебна единица на полицијата, скратено ПЕП — специјална единица која се води под Министерството за внатрешни работи.
Припадниците на ПЕП се обични полицајци, кои по потреба даваат помош на другите единици како на пример ЕБР, ЕСЗ Тигар, Алфа, Гранична полиција итн.
Критериумот за ПЕП е да се физички спремни, по спремни од останатите обични полицајци. Немаат база, стационирани се во станиците како обични полицајци, по потреба облакаат маскирна униформа и асистираат. Имаат подобра обука од обичните полицајци, но не и иста како на ЕБР, ЕСЗ и Алфа. Главната разлика помеѓу ПЕП и полицијата е што припадниците на ПЕП се физички поспремни од обичните полицајци. Голем дел од припадници кои од ЕБР, ЕСЗ и Алфа кога ќе наполнат стаж, се префрлаат во оваа единица. Дел и од младите поминуваат низ ПЕП.
Историја и задачи
[уреди | уреди извор]Единицата ПЕП е формирана уште во времето на СФР Југославија. Во воениот конфликт во 2001 година се покажаа доста добро. Во конфликтот ПЕП беа цело време активни, единицата има учествувано во повеќе операции како на пример во ослободувањето на Арачиново. Исто така ја имаа задачата да ја обезбедат липковската брана во време на војната во 2001 година.
Најмногу ги има за прекршоци против јавен ред и мир, односно протести, стадиони, собири, но имаат и тимови за апсење, спровод на лица, ги обезбедуваат возилата на пошта и ја обезбедуваат граничната линија по потреба.
Единица за јавен ред и мир и интервенции
[уреди | уреди извор]На 5 јуни 2014 година, официјално е промовирана новата единица за јавен ред и мир и интервенции. Таа е само на подрачјето на Скопје, најголемиот дел единицата се припадници земени од ПЕП од интервентите тимови, во глобала имаат задачи исти како и алфите, со тоа што имаат и задача доколку некаде на територија на РМ има потреба од повеќе сили, да се упатат веднаш, и работат секојдневно. Брои околу 115 души, значи една цела чета.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Баталјон за специјални намени „Волци“
- Единица за специјални задачи „Тигар“
- Единица за брза интервенција „Лавови“
- Единица за брзо распоредување „ЕБР“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ФОТО: Промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции“. Курир. 5 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-08. Посетено на 2014-04-09.