Специјална антитерористичка единица „Тигар“

Од Википедија — слободната енциклопедија
САЕ Тигар
Активна13 март 1981
ЗемјаМакедонија Македонија
Припадност МВР
ВидСпецијална единица
УлогаОсновни задачи:
  • Борба против тероризам
  • Директна акција
  • Специјални извидувања

Други улоги:

  • Борба против дрогата
  • Борба против криминалот
  • Спасување заложници
  • Спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени
ПрекариСАЕ Тигар
Гесло„Не прашуваме колку се, туку каде се!“
МаскотаТигар
БиткиМакедонија 2001
Битка кај Радуша, 2001
Битка во Арачиново
Операција Планинска Бура (2007)
Вооружена престрелка во Куманово (2015)

Специјална антитерористичка единица „Тигар“ (скратено САЕ Тигар) — специјална единица што се води под Министерството за внатрешни работи.

Историја на САЕ Тигар[уреди | уреди извор]

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

Нејзиното борбено крштевање се случи во 2001 година во војната во Република Македонија. Од тој момент па сè до денес се надградува единицата на секое поле. До денешен ден единицата е вброена во топ 10 Специјални полициски единици. Рангирана е како трета единица во делот на снајперизам во светски рамки.[1]

Воен конфликт во Македонија, 2001[уреди | уреди извор]
Припадници на САЕ Тигар и ЕБИ Лавови во Матејче, Куманово.

Во воениот конфликт во Македонија 2001 година, Тигрите, заедно со Волците се вклучени во скоро сите воени операции. Делото на Волците се покажа токму во тие операции. Нејзини најуспешни акции се:

Единицата даде 12 припадници од своите редови, и исто така имаше над 30 повредени во воениот конфликт во Р. Македонија во 2001 година.

Операција „Планинска бура“[уреди | уреди извор]

На 7 ноември 2007, во шарпланинското село Бродец беше спроведена полициската операција „Планинска бура“, со цел отстранување и разбивање на албанските терористичко-екстремистички криминални групи дојдени од Косово, на подрачјето на Тетовскиот регион. Без загуба на ниту еден припадник на полициските сили на МВР, акцијата беше успешна и заеднички извршена со Единица за брзо распоредување (ЕБР), а терористичката група неутрализирана.

Преименување на единицата[уреди | уреди извор]

На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).[2]

Задачи[уреди | уреди извор]

САЕ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за:

  • Планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот.
  • Решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица.
  • Апсење криминалци и криминални групи.
  • Решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје.
  • Обезбедување загрозени ВИП личности и објекти.
  • Давање асистенција во борбата против организираниот криминал.
  • Спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени.
  • Обука и едукација на кадри.[3]

Обука[уреди | уреди извор]

Обуката за приправниците на оваа единица е со времетраење од 18 месеци, при што во тој период следат исцрпувачки селекции на кандидатите. Започнува со исцрпувачки 120 километарски марш на единицата притоа изведувајќи кондициони и борбени обуки. Обуката е распоредена во 3 етапи:

  1. Прва елиминациона етапа во времетраење од 6 месеци. Тука е најголемата елиминација на недоволно подготвените. Исцрпувачки маршови и физички подготовки.
  2. Втората етапа подразбира со запознавање на задачите кои единицата ги извршува и нивно имплементирање, како и организација по тимови кои подоцна ќе го претставуваат костурот на самите водови.
  3. Третата елиминациона етапа е најтешка при што во неа се последните филтри каде што доаѓа до израз максималната физичка и психичка подготвеност на кандидатот. Се изведуваат сите претходно имплементирани вежби, маршови, борбени задачи, при што најслабите кандидати се отфрлаат.

Обуката и самата поставеност во единицата е по теркот на најпознатите светски полициски специјални единици, а како дополнително се имплементирани и елементи од Американските морнарички Фоки, Американските Ренџери и Делта одред, како и елементи од Руската Спецназ и британска САС.[4]

Оружје и возила[уреди | уреди извор]

Следните оружја ги користи САЕ Тигар:[се бара извор]

  • Glock 17
  • H&K MP5
  • IWI TAVOR X95
  • IWI NEGEV
  • AI - AXMC

Транспорт и оклопни возила:

  • HMMWV Хамер
  • БТР-80
  • ТМ-170 Хермелин

Заклетва[уреди | уреди извор]

Господи, чувај ме од зло
и дај ми сила
да ги одбранам
мојот дом
мојот народ
мојата Македонија
Амин!

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Тигрите" котираат високо во Европа“. Нова Македонија. 18 јули 2014. Посетено на 2015-01-15.[мртва врска]
  2. „40 години од формирањето на Специјалната антитерористичка eдиница – Тигар“. kanal5.com.mk. Посетено на 2021-03-13.
  3. „„Не прашуваме колку се, туку каде се!". Вест. 26 февруари 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-01-15.
  4. „Како се станува „Тигар". Утрински Весник. 22 јуни 2011. Посетено на 2015-01-15.[мртва врска]