Единица за брзо распоредување
ЕБР | |
---|---|
Активна | 23 август2001 |
Земја | Македонија |
Припадност | МВР |
Вид | Специјална единица |
Улога | Основни задачи:
|
Прекари | ЕБР |
Гесло | „Секогаш и секаде“ |
Битки | Операција Планинска бура (2007) Вооружена престрелка во Куманово (2015) |
Единица за брзо распоредување или скратено ЕБР е единица која се води под Министерството за внатрешни работи. Единицата е во рангот на жандармериските единици кои постојат во Европските земји.
ЕБР е формирана на 23 август 2001 година и спаѓа под надлежност на МВР. Сместена е во касарната Ѓорче Петров.[1] Во Операцијата Планинска бура во Бродец главни извршители беа ЕБР, кои имаа и задача да докажат и покажат дека ќе бидат успешни за таков тип на операции. Операцијата Планинска бура беше успешна и заеднички извршена операција од ЕБР и ЕСЗ Тигар.
Историја
[уреди | уреди извор]ЕБР е формирана во 2003 година, односно по трансформацијата на „лавовите“.
Првото име на единицата беше Специјална единица за брзо распоредување или скратено СЕБР.
Задачи
[уреди | уреди извор]Нивни задачи се:
- воспоставување и одржување на јавен ред и мир при немири и демонстрации
- спровод на лица барани со локални и меѓународни потерници
- анти-терористички акции и сите останати подфати од висок ризик
- обезбедување на домашни и странски ВИП личности
- давање асистенции на сите институции во Р.М.
- пружање помош на населението при природни елементарни непогоди и катастрофи
Оружје
[уреди | уреди извор]Поседуваат повеќе видови на оружје:
- Glock 17
- Застава М70
- X95-S
- Застава М92
- Застава М76
- Застава М93 „Црна Стрела“
- Arsenal AR-M1
- Драгунов
- McMillan Tac 50
- Sako TRG
- PK MG 7.62 mm
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Баталјон за специјални намени „Волци“
- Единица за специјални задачи „Тигар“
- Единица за брза интервенција „Лавови“
- Посебна Единица за Поддршка
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Единицата за брзо распоредување при МВР доби командна сала“. Вест. 10 април 2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-01-15.