Бродец (Тетовско)
| Бродец | |
Воздушен поглед на селото | |
| Координати 42°03′29″N 20°53′31″E / 42.05806°N 20.89194°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Долен Полог |
| Население во атар1 | 734 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 1217 |
| Повик. бр. | 044 |
| Шифра на КО | 28007 |
| Надм. вис. | 1.060 м |
Објаснувања за населението 1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
| |
Бродец — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.
Потекло и значење на името
[уреди | уреди извор]
Селото првпат е споменато како Брод во периодот 1337-1346 година, кога царот Душан го приложил селото на црквата „Св. Богородица“ во Тетово и името го добил по својата местоположба, односно дека се наоѓа кај мост на кој поминува полошко-метохискиот пат преку реката Пена.[2] Името на селото се поврзува со „плитко место на река, каде што може да се премине“.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, на југоисточната падина на Шар Планина, непосредно од левата страна на реката Пена. Атарот се допира со државната гранична линија со Косово.[4] Селото е планинско, на надморска височина од 1.060 метри. Од централното место Тетово, селото е оддалечено 11 километри.[4]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1209 пред селото Шипковица.
Селото се наоѓа во горниот дел на долината на Пена, сместено на падините на Шар Планина. Бродец зазема доста незгодно место, бидејќи се наоѓа до реката на тесна и стрмна падина. Сепак, низ местото поминува патот Призрен-Тетово, има присојна местоположба и два извора. Околни села се Вешала, Шипковица и Вејце. Водата за пиење во селото доаѓа од селските чешми Крој Џамис и Крој Мад. На атарот на селото избиваат изворите Бродиште, Крој Шкинес (Христијански Извор), Крушка, Шеличе, Аливери, Крој Алилит, Плоча и други.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Шеличе, Кобилица, Дорјан, Шпела (Пештера), Бела Вода, Црн Врв, Пржина, Дервен, Забел, Душк, Ограда, Киша (Црква), Ара Никас (Никова Нива), Мулајн Никас (Никова Воденица), Трло, Спасенит, Торец, Влак, Ра, Вешала, Гуманец, Рунгата, Ледина, Леништа, Волк Камен, Кодра Епр, Мечкин Врв, Бачилишта и Царево Гумно.[2]
Селото има многу збиен тип и е поделено во три маала наречени Бајрамлар, Јусуфлар и Дилалар.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Бродец е старо село, бидејќи под името Брод се споменува во периодот 1337-1346 година, кога царот Душан селото го приложил на црквата „Св. Богородица“ во Тетово.[2]
За време на отоманскиот период, во Бродец имало непрекинато живеење. Тоа најпрвин било христијанско словенско село, а околу 1800-тите години, во селото започнале да се населуваат муслимански Албанци. Поради тоа, староседелците постепено се иселувале. Тие во целост се иселиле на почетокот на XIX век. Од старите жители со сигурност се знае за иселениот род Никовци (8 к.), кои денес живеат во соседното село Лавце над Тетово. Кај нив се говори дека предците во Бродец имале куќи непосредно над денешната џамија, како и дека поседувале воденица (Мулајн Никос) и многу стока. Во традицијата се пренесува дека во селото живееле и родовите Спасеновци, Иловци и други, но за овие родови не се знае каде се иселиле.[2]
Кога селото било православно, во селото се наоѓала црква „Вознесение Христово“ („Св. Спас“). Црквата се наоѓала на местото каде денес се наоѓаат ниви. Некои Албанци тоа место го нарекуваат Киша (Црква), но на местото нема никакви остатоци од старини.[2]
На почетокот на 1900-тите години поради невнимание на некои мештани селото целосно изгорело. Потоа, селаните изградиле нови куќи на старото место. Единствено биле одвоени плевните со сточната храна и се биле сместени на едно место во источниот дел на селото.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа површина од 14,9 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 2.433,7 хектари, на шумите отпаѓаат 661 хектар, а на обработливото земјиште отпаѓаат 278,9 хектари.[4]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[4]
Старите мештани на Бродец одгледувале винова лоза. Лозјата се наоѓале северно од селото, во негова непосредна близина.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Население во минатото | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бродец имало 165 жители, сите Албанци.[5]
Според статистиките од 1929 година, селото споменато како Бродец припаѓало во Селечката општина со средиште во Шипковица и има 72 куќи со 377 жители Албанци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7]
Во 1961 година, селото Бродец броело 631 жител, од кои 605 биле Албанци, а осум жители Турци, додека во 1994 година селото имало 533 жители, населено со албанско население.[4]
Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Бродец, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Бродец живееле 1.136 жители, сите Албанци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 734 жители, од кои 651 Албанец и 83 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 165 | — | 563 | 585 | 631 | 785 | 737 | 0 | 553 | 1.136 | 734 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Денес, во Бродец живеат муслимански Албанци, кои се доселиле во селото на почетокот на XIX век.[2]
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Албански родови:
- Доселеници: Бајрамлар (38 к.), по потекло од Северна Албанија. Најпрвин дошол предокот Бајрам со пет браќа и тие се првите селски доселеници. Тука живеат од почетокот на XIX век и го знаат следниот родослов Љазим (жив, 55 години во 1948 г.)-Руфат-Бајрам-Синан-Бајрам, кој се доселил со браќата и по кој родот е наречен. Во Бродец живеат во истоименото маало; Јусуфолар (19 к.), потекло и време на доселување како претходниот род и во селото живеат во посебно родовско маало; Дилалар (13 к.), потекло и време на доселување како претходните родови. Го знаат следниов родослов: Меас (жив, 57 години во 1948 г.)-Јаји-Ајдин-Алил-Адил, основач на родот по кој го добиле името. Живеат во истоимено родовско маало; Селманлар (12 к.), по потекло од Љума во Северна Албанија и во селото дошле како и другите родови. Живеат во истото маало како родот Дилалар. Го знаат следниов родослов: Есат (жив, 74 години во 1948 г.)-Бејтула-Демир-Билал-Селман, основач на родот по кој го добиле името; Маљалар (8 к.), по потекло од Љума и во селото дошле како и другите родови. Го знаат следниов родослов: Зилфо (жив, 75 години во 1948 г.)-Беќир-Бафтијар-Исмаил, по кој го добиле своето име и кој се доселил прв во селото; Љусње (5 к.), по потекло од Љусна во Северна Албанија. Во селото дошле по родот Маљалар и куќите им се наоѓаат во маалото Јусуфолар и Аметалар (7 к.), по потекло од Љума. Дошле со родот Љусње. Куќите им се наоѓаат кај маалото Дилалар.
- Ромски родови: Незирови (2 к.), живеат во маалото Јусуфолар. Во селото работеле како ковачи и помошници.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од селото се имаат иселено Македонците од како селото било заземено од доселените Геги (Албанци). Се знае за имињата на некои македонски иселени родови, како: Спасеновци и Иловци, за кои не се знае каде се иселиле. Родот Никовци (8 к.) се иселени во селото Лавце.[2]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]
- ПУ „Реџеп Вока“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Реџеп Вока“ - Шипковица
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Бродец било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Шипковица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шипковица, во која покрај селото Бродец, се наоѓале и селата Бозовце, Вејце, Вешала, Гајре, Лисец, Селце и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Шипковица, во која влегувале селата Бродец и Шипковица.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 2088 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 960 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 947 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
Во минатото во селото постоел храмот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“)[2]
- Џамии[17]
- Џамија — главна селска џамија
Личности
[уреди | уреди извор]- Починати во Бродец
- Тихомир Михаилоски (1922-1944) — македонски партизан
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селски гробишта
- Воздушен поглед на селото
- Воздушен поглед на селската џамија
- Селски гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 357-359.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 76. ISBN 978-608-220-026-2.
- 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 41. Посетено на 19 октомври 2025.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 213.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 октомври 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 19 октомври 2025.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- Забелешки
- ↑ Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||



