Прејди на содржината

Вешала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вешала

Воздушен поглед на селото

Вешала во рамките на Македонија
Вешала
Местоположба на Вешала во Македонија
Вешала на карта

Карта

Координати 42°3′38″N 20°50′48″E / 42.06056°N 20.84667°E / 42.06056; 20.84667
Регион Полошки
Општина Тетово
ОбластДолен Полог
Население291 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1217
Повик. бр.044
Шифра на КО28010
Надм. вис.1.120-1.270 м
Вешала на општинската карта

Атарот на Вешала во рамките на општината
Вешала на Ризницата

Вешала — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, во високиот северозападен дел на подрачјето на Општина Тетово, а чиј атар се издига до сртот на Шар Планина, каде се допира со државната гранична линија со Косово.[2] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.120 до 1.270 метри. Од централното место Тетово, селото е оддалечено 14 километри.[2]

Селото е оддалечено од македонско-косовската граница само 4 километри. Атарот на селото Вешала граничи со атарот на Бозовце (на запад), со атарите на селата Лисец, Шипковица и Бродец (на исток), на југ граничи со Општина Боговиње, а на север со Косово.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1209 пред селото Шипковица.

Селото се наоѓа во горниот тек на Пена на Шар Планина, сместено на височина од околу 1.200 метри. Непосредно над селото се наоѓаат познати планински превои: еден е североисточно од врвот Кобилица и е висок 2.175 метри, а другиот е источно од врвот Караниколица и е висок 2.060 метри. Преку овие превои се движело помеѓу Полог и Метохија. Водата за пиење во селото се добива од шест чешми, кои се наоѓаат во селото. Чешмите се викаат Епр, Чукси, Буке, Езене, Џине и Ливаде. Називите на чешмите најчесто се по маалата во кои се наоѓаат. И на атарот на селото има извори, како што се Личе, Дели Река, Кајнак Ме Дисме, Извор и други.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Селиште, Крушница, Бачило, Дервен, Вардишта, Ограде, При Бозовце, Рамниште, Мачиште, Горно Селиште, Вора (Гробишта), Личе и Мурава.[3]

Селото има многу збиен тип и е поделено во пет маала. Маалата се нарекуваат Епр (Горно), Зене, Буке, Љурес и Џине. Првото маало го добило по својата местоположба, додека останатите по родовите. Куќите во селото се свртени кон југоисток.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]
Вешала во 1903 година

Селото Вешала е постаро село од муслиманските доселувања. Предците на денешните албански муслимани, кои се населиле во селото околу 1800-тите години, затекле староседелско македонско христијанско население. По почетокот на доселувањата на Албанците, Македонците почнале да се иселуваат. Сепак, од Македонците останало името на селото и словенските топоними.[3]

Денес, не е возможно да се соберат податоци за иселените Македонци, бидејќи во Вешала и во соседните села не постојат нивни потомци кои би говореле за тоа. Албанците за иселените Македонци не кажуваат ништо, бидејќи тие се иселиле поради нив. Нема видливи траги од старини.[3]

По едно кажување, селото најпрвин се наоѓало на месностите Селиште и Горно Селиште, кои се наоѓаат недалеку од денешната местоположба. На Селиште се наоѓа издашната вода Извор.[3]

Првата џамија во селото била изградена кон крајот на XIX век. Во 1930 година, старата џамија била срушена и на нејзино место била изградена нова.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е мошне голем и зафаќа површина од 31,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.546,7 хектари, на шумите отпаѓаат 906 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 605,8 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во него работи продавница.[2]

Месното население претежно се занимава во сточарство.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948865    
1953972+12.4%
1961898−7.6%
19711.299+44.7%
19811.405+8.2%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.045    
20021.222+16.9%
2021291−76.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вешала живееле 440 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Вешала — село во Селечка општина и има 132 куќи со 690 жители Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[6]

Вешала било големо село, коешто во 1961 година броело 898 жители, од кои 778 биле Албанци, а 105 жители се изјасниле како Турци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.045 жители, целосно албанско население.[2]

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Вешала, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Вешала живееле 1.222 жители, од кои 1.207 Албанци, 1 Влав, 1 Србин и 13 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 291 жител, од кои 241 Албанец и 50 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 440 865 972 898 1.299 1.405 0 1.045 1.222 291
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Денес, во Вешала живеат муслимански Албанци, кои се доселиле во селото на почетокот на XVIII век.[3]

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Бакалар или Бака (12 к.), дошле од Северна Албанија. Името го добиле по некој предок кој на коњ носел роба и ја продавал по селата („како бакал“). Во селото дошле на почетокот на XIX век и го знаат следниов родослов: Рамадан (жив, 62 години во 1948 г.)-Амза-Фасли-Јусуф-Зенула, кој се доселил со браќата Скендер и Абдула. Зенула е основач на родот Бакалар; Скендере (11 к.), потекнуваат од предокот Скендер, кој е брат на основачот на родот Бакалар. Куќите им се во маалото Зене; Клајалар (8 к.), потекнуваат од предокот Абдула, кој е брат на основачите на родовите Бакалар и Скендере. Куќите им се во маалото Зене. Името Клајалар го добиле како потсмев во селото; Љурес (19 к.), името го добиле по местото од каде што се доселени во Северна Албанија. Нивните предци ограбиле некого на старото место и затоа дошле во Вешала како сиромаси. Дошле како и претходните родови и куќите им се во посебно маало; Реџалар (20 к.), по потекло од Љума во Северна Албанија и тука дошле околу 1810-тите години. Го знаат следниов родослов: Ајет (жив, 75 години во 1948 г.)-Деар-Раман-Реџеп, основач на родот кој се доселил. Живеат во Горно Маало; Кадриалар (18 к.), имаат исто потекло како претходниот род и се доселиле во исто време со нив; Кице (6 к.), доселени се од селото Кице во Љума, Северна Албанија. Во Вешала дошле околу 1830-тите години и го знаат следниот родослов: Мемет (жив, 60 години во 1948 г.)-Али-Мислим-Али, кој се доселил. Куќите им се во маалото Буке; Буке (6 к.), доселени се од селото Буке во Љума, северна Албанија. По името на селото го добиле родовското име и името на маалото во кое живеат. Во Вешала дошле заедно со родот Кице; Џине или Османлар (31 к.), доселени се од некое село Дукаќин во Албанија. Во селото живеат од средината на XIX век и го знаат следниов родослов: Селим (жив, 47 години во 1948 г.)-Ќазим-Мурат-Ајдар, кој се доселил со браќата и синовите. Куќите им се во посебно маало и Лосталар (14 к.), доселени се од Северна Албанија. Во Вешала живееле најпрвин во сламени куќи и има приказна дека еднаш некоја мечка се качила на куќата и тие ја истерале со „лостови“. Оттаму и родовското име. Живеат во маалото Зене.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Во 1948 година се знаело за иселените родови Вешалар (8 к.), кои заминале во Ѓермо, Кадријови (3 к.), кои се преселиле во низинското село Требош и Али Ага (1 к.), кој заминал во потпланинското село Голема Речица.[3]

Во поново време, забележан е трендот на иселување на месното население, претежно во странство.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Вешала било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Шипковица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шипковица, во која покрај селото Вешала, се наоѓале и селата Бозовце, Бродец, Вејце, Гајре, Лисец, Селце и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Вешала, во која влегувале селата Бозовце и Вешала.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 2086 и 2087 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.183 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.163 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта
Џамии[19]
Реки
Езера

Во атарот на селото се наоѓаат познатите шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол (Караниколички Езера).

Споменици
  • Спомен-плоча на НОБ

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Вешала
  • Џеват Адеми (р. 8 декември 1962) - македонски политичар, генерален секретар и портпарол на НДП. Бил висок член на ОНА; и
  • Шпат Касапи (р. 1 мај 1985) - македонски пејач.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 52. Посетено на 13 октомври 2025.
  3. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 359-360.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 213.
  5. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 22.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 октомври 2025.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Бозовце: Заборавено од локалните власти, селото забрзано се празни“. meta.mk. 13 март 2020. Архивирано од изворникот 2020-03-30. Посетено на 28 јули 2023.
  14. Сенад Зилбехари (5 март 2023). „ОУ „Беса" се преместува во Мала Речица – во Вешала и Бозовце порано имаше 400 ученици, сега има само 25“. tv21.tv. Архивирано од изворникот 2023-03-07. Посетено на 28 јули 2023.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 24 октомври 2025.
  18. И.Ц. (24 август 2007). „ПО ОТКОПУВАЊЕТО НА ГРОБНИЦА ВО ТЕТОВСКО -Гробовите во Вешала се' уште мистерија“. Дневник. Посетено на 2010-11-06.[мртва врска]
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]