Порој (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Порој
Poroj TE.jpg

Улица во Порој

Порој is located in Македонија
Порој
Местоположба на Порој во Македонија
Координати 42°01′50″N 20°59′33″E / 42.03056° СГШ; 20.99250° ИГД / 42.03056; 20.99250Координати: 42°01′50″N 20°59′33″E / 42.03056° СГШ; 20.99250° ИГД / 42.03056; 20.99250
Општина Општина Тетово
Население 2899 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 457 м
Порој на општинската карта
Порој во Општина Тетово.svg

Атарот на Порој во рамките на општината
Commons-logo.svg Порој на Ризницата

Порој е село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 4 километри северно од Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 110 семејства, 5 неженети и 7 вдовици, сите христијани.[1]

Според турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 20 немуслимански (т.е. Македонски) семејства.

Во XIX век Порој веќе било наполно албанско село во Тетовската каза.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Порој живееле 440 жители, сите Албанци.[2]

Според Атанасиј Селишчев, во 1929 година Порој е центар на Општина Џепчиште со 4 села, 105 куќи и 630 жители Албанци.[3]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Порој живееле 440 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било дел од Џепчишка општина со 105куќи и 630 жители, сите Албанци.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.899 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 2
Албанци 2.894
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 3

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[7]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 440[4] 630[5] 1.131 1.269 1.527 1.998 2.370 2.443 2.899

Родови:[уреди | уреди извор]

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[8]

Порој е албанско село.

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото:

  • Гопере (14 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Доселени се пред околу 270 години. Имаат роднини во селото Теарце. куќите им се во горно маало.
  • Чарлије (43 к.) доселени се од некое место Чар во северна Албанија. Можеби се однесува на селото Чаја во Љума. Куќите им се во горно маало. Ја знаат следната генеологија Авзи (жив во 1946 година) - Сулејман - Имер - Куртиш - Ајваз, основачот на родот, кој се доселил.
  • Џивга (21 к.) доселени се од некое место во областа Мат во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
  • Микеле (12 к.) доселени се од северна Албанија. Жителите на овој род имаат потемна боја на кожата, и затоа другите жители на селото ги нарекуваат Цигани. Куќите им се во долно маало. Имаат роднини во скопското село Глумово.
  • Синане (21 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
  • Курте (15 к.) доселени се од некое место во областа Мат во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
  • Зочва (9 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
  • Чарлије (7 к.) куќите им се во горно маало. Некогаш чинеле еден род со другите Чарлије во селото.[9]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Старото православно-македонско население од ова село се има иселено одамна. Сега се знае за следните иселени православни родови од селото. Дамјаноски се иселени во селото Жилче. Шурновци или Поројчани се иселени во селото Отуње. Трпчевци живееле во Отуње, таму биле доселени од Порој, потоа некои изумреле, а други се преселиле во Скопје. Пројчеви се иселиле во селото Готовуша кај Сириниќ, близу Призрен во Косово.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.353
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
  3. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  4. 4,0 4,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
  5. 5,0 5,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 год., 9 стр.
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ. 


Надворешни врски[уреди | уреди извор]