Прејди на содржината

Шипковско Теќе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шипковско Теќе

Воздушен поглед на местоположбата на селото

Шипковско Теќе во рамките на Македонија
Шипковско Теќе
Местоположба на Шипковско Теќе во Македонија
Шипковско Теќе на карта

Карта

Координати 42°01′43″N 20°55′56″E / 42.02861°N 20.93222°E / 42.02861; 20.93222
Регион Полошки
Општина Тетово
ОбластДолен Полог
Населениенепознато жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1217
Повик. бр.044
Шифра на КО
Надм. вис.780 м
Шипковско Теќе на општинската карта

Атарот на Шипковско Теќе во рамките на општината
Шипковско Теќе на Ризницата

Шипковско Теќе (наречено и Шипково Теќе или Шипковечко Теќе) — историско село во областа Долен Полог, во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Шипковското Теќе се наоѓало десно од денешното село Шипковица. Селото е иселено и се смета за историско. Административно и катастарски, селото е една целина со селото Шипковица.

На местото на селото постојат куќи, дел од нив и нови, а таму се наоѓаат и руини од поранешното детско одморалиште.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на врвот на една тераса висока околу 780 метри во долината на реката Пена, сместено на нејзината десна страна. Во селото се наоѓа изворот Жабљак.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Теќе, Хисар, Фуше Мад (Големо Поле) и Кштењ (Костени).[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото било основано околу едно бекташко теќе, кое било дел од тетовското теќе. Според верувањата, ова теќе било основано околу 1750-тите од страна на некој дервиш Куен-баба, каде и умрел. Теќето било составено од една мала куќа, каде се наоѓал и гробот на основачот. На теќето и гробот нема натписи. Кај ова теќе околните мештани ги доведуваат болните за да оздрават.[2]

Според едни испитувања во 1948 година, селото имало 3 куќи. Луѓето биле муслимани познати како Ибраимовци (уште наречени Исеновци или Шеелери). Тие биле чувари на теќето. Предците на овој род во Шипковско Теќе дошле во средината на XVIII век од Дебар.[2]

Во 1948 година, во близина на селото било изградено детско летувалиште.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Мештаните на Шипковско Теќе живеат од земјоделство, сточарство и берат костени.[2]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото се смета како издвоено маало („заселок“) на Шипковица.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Теќиња

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 6 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 362-365.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]