Једоарце

Од Википедија — слободната енциклопедија

Једоарце — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Једоарце
Једоарце во рамките на Македонија
Једоарце
Местоположба на Једоарце во Македонија
Једоарце на карта

Карта

Координати 42°1′32″N 20°57′21″E / 42.02556° СГШ; 20.95583° ИГД / 42.02556; 20.95583Координати: 42°1′32″N 20°57′21″E / 42.02556° СГШ; 20.95583° ИГД / 42.02556; 20.95583
Општина Тетово
Население 16 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28033
Надм. вис. 598 м
Једоарце на општинската карта

Атарот на Једоарце во рамките на општината
Једоарце на Ризницата

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Једоарце се наоѓа 6 километри северно од Тетово, на падините на Шар Планина.

Историја[уреди | уреди извор]

Според турски документи од 1628 година село Једоарце се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 25 семејства (ханиња).[2] Населено е пред повеќе од 350 години, а во неговата околина има траги на уште постаро село кое се викало Ѓиновце. Според усните преданија жители во Једоарце (родот Календаровци) се доселиле од местото Калис во Грција, што е многу неверојатно, бидејќи македонските места во тие краишта немале грчка топонимија сè до нивното вештачко преименување од грчките власти по припојувањето на Егејска Македонија во XX век. Тоа биле припадници на словенско племе кои одејќи од север кон југ стасале до Солунското Поле. Потоа, бегајќи од летните горештини, доаѓале со своите стада овци на падините на Шар Планина. Наесен, тие повторно се враќале назад. Најпрвин доаѓале секоја година со стадата овци, а подоцна и постојано се доселиле. Така настанале и соседните села Сетоле и Отуње.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194869—    
195356−18.8%
196137−33.9%
197113−64.9%
19819−30.8%
ГодинаНас.±%
19912−77.8%
199411+450.0%
20025−54.5%
202116+220.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Једоарце живееле 85 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Једоарце имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото имало 16 куќи со 113 жители, сите Македонци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

На пописот од 2002 година, селото имало 5 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, од кои 5 Македонци и 11 Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 128 69 56 37 13 9 2 11 5 16
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Једоарце е македонско село.

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:

  • Ќупевци (5 к.), староседелци. Се делат на Деспотовци, Ѓоргијовци и Спасеновци. Имаат иселеници во Скопје, Тетово и Софија.
  • Календаровци (6 к.), староседелци. Се делат на Коруној, Дејаној и Серафимој. Имаат иселеници во Тетово, Скопје и Америка
  • Качовци (4 к.), староседелци. Они се гранка од родот Календаровци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Пловдив (едно семејство).[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 210.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
  5. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 23.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Скопје: САНУ.
  13. „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-29.
  14. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 169.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]