Прејди на содржината

Сараќино

Координати: 41°58′55″N 21°2′24″E / 41.98194° СГШ; 21.04000° ИГД / 41.98194; 21.04000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сараќино
Сараќино во рамките на Македонија
Сараќино
Местоположба на Сараќино во Македонија
Сараќино на карта

Карта

Координати 41°58′55″N 21°2′24″E / 41.98194° СГШ; 21.04000° ИГД / 41.98194; 21.04000
Регион Долни Полог
Општина Тетово
Население 1.153 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1200
Шифра на КО 28069
Сараќино на општинската карта

Атарот на Сараќино во рамките на општината
Сараќино на Ризницата
Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Скица на технолошко – индустриската развојна зона „Тетово“ крај селото
Подрачното ОУ „Братство Миѓени“
Куќа во селото

Сараќино — село во Општина Тетово. Се наоѓа на устието на Пена во Вардар на само 1 км од автопатот Тетово - Скопје. Во неговиот атар се наоѓа Тетовската слободна економска зона.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Сараќино се наоѓа во Полошката Котлина на само 7 км до Тетово и на само 1 км од коридорот 8. Опколено е со двете реки Вардар и Пена. Селото лежи на една од најплодните почви во Полог. Попознати топоними се: Чаир, Котар, Гечоо, Чешма, Леска, Милеа Бавча, Старо Сараќино, Јела, Студена Вода, Рупа, Две врби, Долгна Нива, Прекача, Шаторче, Тумба, Круша, Црница, Дабчиња, Слогои, Горна Режика, Гуштероо, Малки Јазики, Огради, Река, Муграч, Ѓуше, Горни Орман, Долно Вардариште, Река Бистрица, Бучалиште, Три Даба, Чуше, Лозје, Карпа (Вардариште), Орман, Стара Река, Ливадче, Состав и др.

Историја

[уреди | уреди извор]

Сараќино е село од збиен тип. Куќите се груширани во 4 маала, кои се наречени по потеклото на жителите - Бежаноско, Моравчанско, Трајческо и Мамикомадовско маало. Во пишаните извори Сараќино се споменува во 1461 или 1462 година. Споменот се наоѓа во една пресуда на некој кадија, со кој е потврден вакуфот на Мехмед-Бег месџидот, имаретот и амамот, кои биле во Теке маалото во Тетово. Во наведената пресуда стои дека ливадите и нивите на Мехмед-бег, кои биле во некогашното село Трмчиште[2], се граничеле со атарите на Сараќино и Фалише. Потоа се споменива и некоја ливада во Сараќино со големина од 45 плугови[3]. Вториот помен на Сараќино датира од 1470 година, кога Ќебир-бег на своите синови им увакуфил ниви кои ги купил од Сараќинци.[4] Првобитно селото се наоѓало северно од денешната положба (на околу 1,5 км) во месноста денес нарекувана Старо Сараќино или Старо Сараќинце. Според преданијата тоа население било чисто македонско. Подоцна населбата била уништена. Остатоците од таа населба се висниви и денес во вид на стари ѕидови и керамика. Подоцна населбата се префрлена на денешната положба.

Заради богатството во зиратно земјиште, Сараќино уште во времето на Османлиското Царство било чифлик. Најпознати сопственици на чифликот се тие од познатиот тетовски тод Абдурахман-паша, како Мемед-паша, Џафер-паша, Акид-паша и Есад-паша. Мемед и Џафер-паша повеќето од живото го поминувале во Цариград, додека Акид-паша живеел во Желино и Тетово. Есад-паша кој живеел во Сараќино имал многу несилнички однос кон жителите на селото. Тој дури и на најголемите христијански празници ги повикувал Македонците да му работаат на нивите. До 1912 година само мал дел од жителите на Сараќино ги откупиле нивите. Другиот, поголемиот дел им бил доделен од страна на државната власт и тоа после Балканските и Првата светска војна. Сопствениците на чифликот радо им ја продавале земјата или во голем број на случаи и бесплатно им ја доделувале на Албанци од соседните села.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Сараќино денес претставува модерна селска населба со развиоено сточарство и земјоделство. Во атарот на селото се наоѓа Тетовската слободна економска зона со вкупна површина од 94.74 ха[5], која во првата фаза е планирано да се изградат 25 до 30 индустриски објекти во кои се предвидува да се отворат до 7.000 работни места. Се предвидува зоната со целата инфраструктура да чини околу 300 милиони евра.[6]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948379—    
1953559+47.5%
1961542−3.0%
1971534−1.5%
1981921+72.5%
ГодинаНас.±%
1991766−16.8%
1994955+24.7%
20021.087+13.8%
20211.153+6.1%

На почетокот на XX век според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година 'Саракинци' — село, населено со 210 жители Македонци христијани.[7] Целото население на селото било под водство на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година в Саракинци имало 80 Македонци.[8]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Саракинце било центар на Желинската општина со 6 села и имало 20 куќи со 104 жители Македонци.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци и 50 Албанци.[10]

Според пописот од 2002 година селото има 1 087 жители.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.153 жители, од кои 791 Македонец, 277 Албанци, 8 Роми, 2 Срби, 4 останати и 71 лице без податоци.[12]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[13]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 379
1953 506 19 34 559
1961 532 7 3 542
1971 483 35 2 12 2 534
1981 726 166 12 14 3 921
1991 745 6 2 10 3 766
1994 765 182 7 1 955
2002 873 199 5 7 3 1.087
2021 791 277 8 2 4 71 1.153

Сараќино е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Мамикомадовци (4 к.) доселени се од сега албанското село Лисец, го знаат следното родословие: Ристе (жив на 73 г. во 1940-тите) Божин-Димитрија-Симун-Маринко, кој се доселил. Имаат иселеници во Челопек и во Долно Седларце
  • Велешани (3 к.) стари доселеници, доселени се од Велешко. Имаат иселеници во Фалише.
  • Коштањарци (6 к.) стари доселеници со непозната старина. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство).
  • Трлевци (5 к.) доселени се од селото Жеровјане, го знаат следното родословие: Максим (жив на 70 г. во 1940-тите) Трајче-Дафил-Трпче, основачот на родот.
  • Поречани или Мицковци (5 к.) доселени се од поречкото село Брест. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Брвеница и во Сиричино.
  • Мишковци (2 к.) доселени се од Кумановско, го знаат следното родословие: Тоде (жив на 41 г. во 1940-тите) Јоше-Мишо, основачот на родот. Имаат иселеници во Долна Лешница
  • Илиовци (3 к.) доселени се од селото Вратница, го знаат следното родословие: Ѓеро (жив на 60 г. во 1940-тите) Томе-Илија.
  • Ристовци (3 к.) доселени се во 1909 година од селото Клокот во Горна Морава.
  • Шкодреановци (3 к.), Алекса (1 к.), Гниланчани или Станојовци (2 к.) и Столевци (1 к.) доселени се од Витина и Слатина кај Гнилане. Од Шкодреановци има иселеници во Тетово (едно семејство). И од Столевци има иселеници во Тетово (едно семејство).
  • Андрија (2 к.) доселени се во 1915 година од селото Лазарополе.
  • Илијевци (1 к.) доселени се во 1915 година од селото Теново, таму биле староседелци. Имаат иселеници во Скопје (две семејства).
  • Коста (1 к.) доселени од селото Добрча кај Гнилане, најпрво во Прељубиште па овде во 1919 година.
  • Трипун (1 к.) доселен од некаде од Србија во 1924 година.
  • Миленци (1 к.) доселени се од Власотница.
  • Сите родови кои дошле од Косово и Србија мешајќи се со Македонците го примиле македонскиот јазик.[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1984 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.040 гласачи.[16]

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[17]
Археолошки наоѓалишта[20]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Петрушевски, Илија (2009). Исчезнати селски населби и села со променети имиња во Полог. Тетово: Здружение „Лешок“. стр. 35. ISBN 978-9989-2507-3-6.
  3. Гл. Елезовиќ: турски извори за нашу историју. бр. 11, стр. 129
  4. Гл. Елезовииќ: Вакуфија џамије Ќебира. Гласник Скопског Научног Друштва, I, 2, 1926, стр. 456
  5. „ТИРЗ Тетово“. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Посетено на 2013-02-02.
  6. „Сарачини: Во ТИЗ ќе се отворат до 7.000 работни места“. Курир. 21 февруари 2012 12:41. Архивирано од изворникот на 2012-04-14. Посетено на 2013-02-02. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.211.
  8. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
  9. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2013-02-02.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  14. Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. OCLC 5846115.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. „црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2010-04-27.
  19. „ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО САРАЌИНО Осветена нова црква“. Време. 27 јули 2005. Посетено на 2010-04-27.[мртва врска]
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. „Во САД погребан истакнатиот иселеник Христе Мицковски“. КИСС ТВ. Посетено на 2013-02-02.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]