Прељубиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Прељубиште
Прељубиште is located in Македонија
Прељубиште
Местоположба на Прељубиште во Македонија
Координати 42°2′0″N 21°6′0″E / 42.03333° СГШ; 21.10000° ИГД / 42.03333; 21.10000Координати: 42°2′0″N 21°6′0″E / 42.03333° СГШ; 21.10000° ИГД / 42.03333; 21.10000
Општина Општина Јегуновце
Население 367 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 390 м
Прељубиште на општинската карта
Прељубиште во Општина Јегуновце.svg

Атарот на Прељубиште во рамките на општината

Прељубиште — село во Општина Јегуновце, Тетовско.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, од левиот брег на Вардар, оддалечено 16 километри североисточно од Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Во османлиски даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година, Прељубиште се споменува како село со 54 домаќинства.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Прељубиште живееле 112 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прељубиште имало 144 Македонци под врховенството на егзархијата.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 367 жители. Следува табела на народносната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 270
Албанци 92
Турци 0
Роми 4
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
други 0

Но, иако овие податоци се официјални, бројката на Роми е поголема и изнесува околу 25-30, a во последниот попис многумина Роми се попишале како Албанци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 326
1953 294 37 3 334
1961 327 40 3 370
1971 324 51 8 6 3 2 394
1981 334 78 1 3 3 419
1991 311 13 1 7 2 4 338
1994 267 65 5 4 341
2002 270 92 4 1 367

Родови[уреди | уреди извор]

Прељубиште е македонско-албанско-ромско село. А во минатото имало и Турци во селото.

  • Македонски родови: Трајковци или Трпчевци (3 к.) и Зафировци (2 к.) староседелски родови; Рикаловци (4 к.) ги викаат и Мечкаровци. Во Сиричино кажуваат дека тие се доселени од сега албанското село Желино. По второ предание доселени се од некое село во Гостиварско; Желинковци (2 к.) името го добиле по селото од кое се доселиле, тоа е Желино; Казовци (3 к.) доселени се од сега албанското село Церово; Смиљановци (4 к.) доселени се во турско време од селото Туденце, во Туденце имаат роднини; Михајловци (1 к.) доселени се од некое село во Скопско; Јесерковци (4 к.) доселени се од Сиричино, ја знаат следната генеологија Здравко (жив на 40 год. во 1940тите) Гого-Ѓоро, предокот кој се доселил. Уште подалечно потекло имаат од селото Церово; Јовановци (3 к.) по потекло се од селото Сараќино, од каде прешле во Шемшево, па дошле во денешното село; Анѓелковци (3 к.) по потекло се од Рогачево, од таму отишле во Јанчиште, па од таму во денешното село. Во Јанчиште имаат роднини, а во Рогачево биле староседелци; Маринковци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Туденце, во Туденце им се род Мали Милошевци; Миловановци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Одри; Смилевци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Копаница, таму припаѓале на родот Кашој; Трпковци (2 к.) доселени се во 1919 година од селото Беловиште; Јоановци (5 к.) доселени се во 1920 година од селото Шемшево. Во Шемшево биле доселени од селото Мусиково кај Средска; Витановци (1 к.) по потекло се од селото Брезно на Шар Планина. Од Брезно прешле во Глоѓи, па овде; Петровци (1 к.) доселени се во 1926 година од селото Одри, таму биле староседелци, потекнувале од родот Стамевци или Стамеи.
  • Албански родови: Фетаовци (1 к.) доселени се од селото Одри во 1924 година, таму биле доселени од северна Албанија; Исмаиловци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Прошовце, таму биле доселени од Албанија.
  • Ромски род: Алитовци (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Сараќино, таму биле доселени од Косово.
  • Турски род: Рамадановци (1 к.) доселени биле од Тетово.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Наоѓалишта
  • Брезјанско Нивче — населба од доцноантичкото време. Западно од селото, во нивата на Б.Настевски, по површината се среЌаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и градежен матријал.
  • Три Тумби — населба од неолитското време. Во средишниот дел на селото, во непосредна близина на трафостаницата се гледаат три тумби кои делумно се оштетени со изградбата на станбените објекти и на трафостаницата. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж и камени и кремени орудија

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 336
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.