Вратница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оваа статија се однесува на селото Вратница. За истоимената поранешна општина, видете Општина Вратница
Вратница
Vratnica pogled.JPG

Панорамски поглед на селото Вратница

Вратница is located in Македонија
Вратница
Местоположба на Вратница во Македонија
Координати 42°08′26″N 21°06′51″E / 42.14056° СГШ; 21.11417° ИГД / 42.14056; 21.11417Координати: 42°08′26″N 21°06′51″E / 42.14056° СГШ; 21.11417° ИГД / 42.14056; 21.11417
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Jegunovce Municipality.svg Јегуновце
Население 505[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1225
Повик. бр. 044
Надм. вис. 700-760 м
Мреж. место Вратница
Commons-logo.svg Вратница на Ризницата


Вратница — село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Реката Ракита крај селото Вратница

Вратница е сместена во областа Полог (Долен Полог), во подножјето на планинскиот врв Љуботен (2.498 м на Шар Планина). Надморската височина се движи од 700-760 м. Во близина на селото се наоѓа и реката Ракита (Раќита), која се влива во Вардар

Селото се наоѓа на магистралниот пат кој води од градот Тетово до граничниот премин Јажинце на македонско-косовската[2] граница. Од градот Тетово е оддалечено 22 километри и е на само 5 километри од Јажинце.

Порано, селото претставувало општинско средиште на истоимената општина, во која влегувале и селата Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште и Орашје, додека денес селото е дел од проширената Општина Јегуновце.

Историја[уреди | уреди извор]

Се верува дека некогашното село Моравце, сместено околу 800 метри северозападно, е претходник на денешното современо село Вратница. Поради притисокот на османлиските власти, жителите на Моравце биле приморани да побараат посигурна област за населбата. Првично се населиле во денешно Косово, но на крајот повторно биле приморани да се вратат назад. По нивното враќање го создале денешното село Вратница, заедно со потомците на првичните иселеници.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Тетовската нахија (Нихије-и Калканделен) и имало 66 семејства, 4 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[3]

Понова историја[уреди | уреди извор]

Преглед на жариштата во воениот конфликт

Вратница била цел на идејата за Голема Албанија, откога била објавена со Призренската лига во 1878 година. Во текот на Втората светска војна, Вратница на кратко се нашла во територијата на Голема Албанија, создадена од балистите.

За време на воениот конфликт во Македонија во текот на 2001 година, Вратница била цел на постојани напади и дел од воените борби кои се случиле во текот на конфликтот.

Во текот на постконфликтниот период, селото се нашло под удар на албанските вандали и терористи, кога заедно со селата Старо Село, Беловиште и Рогачево, биле под практична опсада од членови на т.н. Ослободителната Народна Армија. Вратница, како и останатите села, со недели поминала без храна, вода, лекови и медицинска помош. Албанските терористи биле сместени во блиското село Одри, од каде објавиле ултиматум упатен до македонското население за напуштање на своите домови.

Население[уреди | уреди извор]

Вратница била прв пат запишано во османлиските дефтери во XV век. Во првите дефтери, населението изнесувало 59 семејства. Селото било под влијание на миграциски движење во текот на XX век, кога голем број на жители се иселувале во САД.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Вратница живееле 780 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Вратница имало 880 Македонци, патријаршисти.[5]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било центар на општина и имало 131 куќа и 1.131 жител, сите Македонци.[6]

Во 1914 година, вкупното население изнесувало 1131 со 131 куќа; во 1948 година, имало 1299 жители и 197 куќи; во 1953 имало 1387 жители и 214 куќи; во 1961, бројот на жители изнесувал 1384 и 227 куќи; во 1968 имало 1240 жители и 225 куќи, а во 1971 година 1082 жители и 266 куќи.

Како и во другите села во Македонија така и во Вратница поради миграциските движења село-град, бројот на жителите се намалил од 1384 жители во 1961 година на 572 жители денес. Во 1994 година селото броело 572 жители, од кои Македонци 522 жители, Срби 33 жители и 17 жители изјаснети како „други“. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 505 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Народност Вкупно
Македонци 482
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 20
Бошњаци 0
Други 3

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.299
1953 1.103 272 ... 12 1.387
1961 1.371 1 ... ... 8 ... 4 1.384
1971 1.521 2 ... 35 ... 20 1.578
1981 1.629 22 ... 37 1.688
1991 1.678 72 86 1.836
1994 522 33 17 572
2002 482 20 3 505

Родови[уреди | уреди извор]

Вратница е македонско село.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Староседелци: Костанаќевци (26 к.), Степановци (22 к.), Папунџиовци (11 к.), Крагуљевци (9 к.), Мишкоќевци (16 к.), Дабоќевци (7 к.), Василевци (10 к.), Коеќевци (24 к.), Мојсиќевци (7 к.), Станисавлевци (6 к.) иТодоровци (8 к.). Сите наведени родови порано живееле во раселеното село Моравци. Некои од наведените родови од како се распаднало селото прво се иселиле во Косово, па се вратиле назад. Во родот Папунџиовци се знае следната генеологија Ристо (жив на 72 год. во 1940тите) Димо-Јанко-Анѓеле-Брајко-?, се верува дека дедото на Брајко бил папуџија. Од родот Коеќевци потекнувал некој бугарски професот Михаил Арнаудов.
  • Доселени: Длабочанци (8 к.) доселени се од денес албанското село Длабочица кај Качаник (Косово), од таму се доселиле двајца браќа Велко и Ѓуро. Ја знаат следната генеологија Бојо (жив на 73 год. во 1940тите) Мишо-Петре-Ѓуро, кој се доселил во селото; Шишковци (18 к.) потекнуваат од предок кој се доселил од областа Љума во северна Албанија; Мажиќевци (3 к.) доселени се од денес албанското село Орашје; Пејовци (5 к.) доселени се од денес албанското село Нераште; Даноќевци (8 к.) и Доброќевци (3 к.) доселени се од некое денес албанско село кај Качаник; Голомевци (7 к.) доселени се однекаде; Ивановци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Рогачево; Станимир (1 к.) дошол од селото Горно Село, Средска во Косово.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во рамките на проширената Општина Јегуновце, која во денешните граници настанала по донесувањето на новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Претходно, селото претставувало општинско седиште на поранешната Општина Вратница, кон која припаѓале селата Јажинце, Рогачево, Старо Село, Беловиште и Орашје.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото се наоѓа во некогашната општина Теарце, која припаѓала на Тетовската околија.

Во периодот 1952-1955, селото исто така било седиште на тогашната општина Вратница, во која покрај Вратница се наоѓале и селата Беловиште, Јажинце, Нераште, Одри, Орашје, Првце, Рогачево и Старо Село. Самата Општина Вратница била дел од Тетовската околија. Општината Вратница постоела и во периодот 1950-1952 година.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Константин и Елена“ во близина на Вратничкото Езеро
Гробјанската црква „Св. Архангел Михаил“
Цркви
Археолошки наоѓалишта
Реки
Езера
Месност

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Во Вратница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Вратница е наделеку позната како место кое има многу иселеници. Вратничани може да се сретнат во многу западноевропски земји, но најмногу ги има во САД, поточно во околината на градот Детроит (државата Мичиген). Во 1980-тите години имало над 200 домаќинства со жители од Вратница во областа на Детроит.

Најголем дел од миграциите од селото се случиле по Првата светска војна, кога најголем дел од иселениците биле економски мигранти. По 1924 година, кога се наметнале одредени квоти за иселеници од Источна Европа, многумина Вратничани се одлучиле за иселување во Канада.

Уште еден голем бран на иселување се случил за времето на првите години од Југославија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.348
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  6. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  9. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  10. Алексова Б., 1959, 217; Трифуноски Ј., 1976
  11. "Vratnica: History of a Unique Macedonian Village" (англиски). September 14, 2006. конс. 2012-09-05. 
  12. "Рег. згф. пр 18/2002 година," (PDF) (македонски). Службен весник на Македонија. конс. 2010-02-01. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]