Копачин Дол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Копачин Дол
Копачин Дол is located in Македонија
Копачин Дол
Местоположба на Копачин Дол во Македонија
Координати 41°57′33″N 21°8′18″E / 41.95917° N; 21.13833° E / 41.95917; 21.13833Координати: 41°57′33″N 21°8′18″E / 41.95917° N; 21.13833° E / 41.95917; 21.13833
Општина Coat of arms of Želino Municipality.svg Желино
Население 907 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 657 м. м
Копачин Дол на општинската карта
Копачин Дол во Општина Желино.svg

Атарот на Копачин Дол во рамките на општината
Commons-logo.svg Копачин Дол на Ризницата


Копачин Дол (албански: Kopaçindolli; Копачиндоли, локално Kapizhdoll; Капиждол) — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 907 жители.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено по горниот тек на реката Суводолица во северните склонови на планината Сува Гора. Селото е во близина на автопатот Тетово-Скопје и во близина на селото се Групчин, Чифлик и Ново Село.

Историja[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 166 муслимани (Албанци).[1] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 36 куќи со 237 жители Албанци.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 907 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 0
Турци 0
Роми 0
Албанци 898
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 9

Родови[уреди | уреди извор]

Копачин Дол е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се: Стогодин (10 к.) поалбанчени Македонци. Они се староседелци во селото; Раман (16 к.), Сирчек (18 к.), Русталар (5 к.), Качер (1 к.) и Ајредин (1 к.) сите доселени од Албанија.[4]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 2096 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 931 гласачи.[6]

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


  1. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  2. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
  5. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  6. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.
  7. "Албанците ја одбележуваат годишнината на загинатите припадници на ОВК". Утрински Весник. 2003. Посетено на 2012-08-31.