Црква „Св. Константин и Елена“ - Вратница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Константин и Елена
Sv. Konstantin i Elena Vratnički cropp.jpg

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Полошка
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Вратничка
Местоположба
Населено место Вратница
Општина Јегуновце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Константин Велики и Елена
Изградба 6, 12 и на 23 јули 2000
Осветување 3 јуни 2012
Зограф Венко Цветковски
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Константин и Елена е манастирска црква во тетовското село Вратница.[1] Се наоѓа во долниот дел на селото, на брегот на Вратничкото Езеро во месноста Честодубје, каде се наоѓа и средновековниот археолошки локалитет Црквиште.[2] Црквата е дел од манастирскиот комплекс кој е во изградба. Неколку пати била цел на вандализам.[3]

Храмот е обновен на стари темели од 12 век. Според пишаните записи и тој храм бил граден на поранешни темели што потекнувале од 6 век. На обновувањето на некогашниот манастир стар најмалку осум векови се работело десетина години. Црковсниот двор зафаќа вкупна површина од над 2,5 хектари. Камен-темелникот бил осветен на 23 јули 2000 година. Поради воениот конфликт во 2001 година извесен период изградбата била во застој. Црквата има површина од стотина квадратни метри. Фрескоживописот е дело на Венко Цветковски од Скопје.[4] Црквата е осветена на патрониот празник на 3 јуни 2012 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  3. „Оштетена црквата „Св.Константин и Елена“ во Вратница“ (македонски). Сител. 28.03.2011 - 15:08. конс. 2012-09-08. 
  4. Ефтоски, Гојко. „Вратница го прослави патрониот празник“, Утрински Весник, 3 јуни (посет. 8 септември 2012 г). (на македонски)
  5. Осветена возобновена црква во тетовска Вратница“, Нова Македонија (посет. 8 септември 2012 г). (на македонски)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]