Црква „Св. Ѓорѓи“ - Јегуновце
Изглед
Свети Ѓорѓи | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Тетовско |
| Парохија | Сиричинско-раотинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°4′22″N 21°8′22″E / 42.07278°N 21.13944°E |
| Место | Јегуновце |
| Општина | Јегуновце |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи Победоносец |
| Изградба | 25 јули 2004 |
| Осветување | 14 јули 2019 |
| Живопис | 2010 |
| Зограф | Лазар од Србија |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи — селска црква во селото Јегуновце, Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на околу 2 километри источно од селото, во подножјето на Жеден, во месноста Пештер, каде постои истоимено археолошко наоѓалиште.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Камен-темелникот бил осветен на 25 јули 2004 година.[2]
Осветена била по 15 години од почетокот на изградбата, односно на 14 јули 2019 година.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата била живописана во 2010 година од страна на зограф од Србија, кој не успел да го доврши поради несреќен случај во селото во кој тој починал.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 420. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „СООПШТЕНИЕ!“. Тетовско архијерејско намесништво. Архивирано од изворникот на 2008-03-13. Посетено на 2012-10-29.
- ↑ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНЕСЕЦ ВО МЕСНОСТА ПЕШТЕР
- ↑ „Српски зограф загина во Јегуновце“. Утрински Весник. 17 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2010-06-23. Посетено на 2012-10-29.


