Црква „Св. Теодор Тирон“ - Јанчиште
Свети Теодор Тирон | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Тетовско |
| Парохија | Сиричинско-раотинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°3′4″N 21°6′52″E / 42.05111°N 21.11444°E |
| Место | Јанчиште |
| Општина | Јегуновце |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Теодор Тирон |
| Изградба | 1967 |
| Архитектонски опис | |
Свети Теодор Тирон — главна селска црква во селото Јанчиште, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на излезот од селото во насока на селото Прељубиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Јанчиште.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1947 година, според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата е забележана и има запишано дека била многу стара.[2]
Денешната црквата била изградена во 1967 година. Главниот патронат на црквата се прославува на Тодорова Сабота, односно на првата сабота на Велигденскиот пост.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Иконостас
[уреди | уреди извор]Во црквата има икона „Богородица со Христос“ од 1898 година, дело на Јаков Радев Мажоски, една година по нејзината изградба.[4]
Помошни објекти
[уреди | уреди извор]Во црковниот двор се наоѓа трпезарија, чиј камен-темелник бил поставен во 2002 година, а била осветена на 22 септември 2007 од страна на Митрополитот Полошки-кумановски и неколку локални свештеници.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Влезот
- Предниот дел
- Трпезаријата и дел од гробиштата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Трпезаријата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 455.
- ↑ „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2011-10-09.[мртва врска]
- ↑ „LAZAROPOLE MACEDONIA: ЛАЗОРОСКИ ЗОГРАФСКИ ТАЈФИ - БРАЌАТА ЈАКОВ И ЈОСИФ МАЖОСКИ“. LAZAROPOLE MACEDONIA. Посетено на 2022-02-19.
- ↑ „Осветување на трпезарија при црквата на св. Теодор во с. Јанчиште (тетовско)“. 22 септември 2007. Посетено на 2011-10-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Теодор Тирон“ - Јанчиште на Ризницата ?


