Црква „Св. Ѓорѓи“ - Туденце
Свети Ѓорѓи
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Сиричинско-раотинска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Туденце |
Општина | Јегуновце |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи Победоносец |
Изградба | 4 век (основа) 2012 (доградба) |
Архитектонски опис |
Свети Ѓорѓи Победоносец претставува црква во тетовското село Туденце.[1] Црквата се наоѓа на месноста Бучало и потекнува од 6 век. Таа е најстарата троконхална црква во Македонија[2] и е возобновена на патрониот празник Ѓурѓовден на мај 2012 година.[3]
Откривање
[уреди | уреди извор]Старите темели на црквата се откриени во февруари 2004 година. Ден пред тоа на сега покојниот Тихомир Крстевски на сон му се јавил светецот Ѓорѓи Победоносец, кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие. Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, му рекол на сонот светецот, посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот. Подоцна нему му се придружиле и други жители на Туденце и под надзор на Музејот на тетовскиот крај, по речиси еден месец работа, наоѓалиштето било расчистено. Според професорот Виктор Лилчиќ, црквата потекнува од втората половина на 6 век.[3]
Црквата има два влеза, големиот кој е и главен на западната страна и малиот на јужниот дел. На северната страна од објектот е пронајдена крштилница, а откриена е и мермерна пластика во олтарот. Црквата е изградена на старите темели врз основа на проект изработен од Благоја Стојковски, виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар. Има површина од 130 квадратни метри.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Димовски, Зоран (6 мај 2012). „ВО ТУДЕНЦЕ ЖИТЕЛИТЕ САМИ ЌЕ ВОЗОБНОВАТ ЦРКВА ОД ШЕСТИОТ ВЕК“. Телма. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2013-04-09.
- ↑ 3,0 3,1 Ефтоски, Гојко (4 мај 2012). „Ќе се возобновува црква од 6 век во село Туденце“. Утрински Весник. Посетено на 2013-04-09.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Тетовско-гостиварската епархија
- Цркви во Тетовското архијерејско намесништво
- Сиричинско-раотинска парохија
- Цркви во Општина Јегуновце
- Туденце
- Никулци за цркви во Македонија
- Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија
- Македонската архитектура во 2012 година