Тетовско архијерејско намесништво
Тетовско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во состав на Тетовско-гостиварската епархија задолжено за градот Тетово и околината.
Од 1971 г. заклучно со 1996 г. година во оваа епархија се извршени 66,753 крштевки. Оваа епархија има 38 активни свештеници и неколку пензионери. Во текот на овие години се изградени 26 цркви, 11 манастири, 69 обновени и изградени објекти за крштевки и задушници. Над поголем број цркви и манастири извршени се целокупни санации и реставраторски работи со што се заштитени од понатамошно пропаѓање.
Намесништвото е сместено во соборниот храм подигнат во чест на „Свети Свети Кирил и Методиј“. Има 8 парохии а нив ги опслужуваат девет свештени лица. Архијерејското намесништво Тетово брои 72 цркви, 10 манастири, 6 параклиси и 1 крст.
Парохии
[уреди | уреди извор]Намесништвото обединува според податоци од 2001 г. околу 18.000 православни христијани, но поради војната нивниот број денеска не е потврден.
Преглед на намесништвото по парохии:
- Прва тетовска парохија - главна парохиска црква е црквата „Свети Свети Кирил и Методиј“ која ја опслужува протојереј Предраг Исаевски. Ги опфаќа само црквите во градот кои не се наведени подолу.
- Втора тетовска парохија - главна парохиска црква е црквата „Свети Свети Кирил и Методиј“ ја опслужува протојереј-ставрофор Мирко Станковски. Во составот на овие две парохии се и селата: Џепчиште, Једоарце, Отуње, Сетоле, Непроштено и Лукојца.
- Трета тетовска парохија - главна парохиска црква е црквата „Света Богородица“ и ја опслужува протојереј Томислав Јосифовски, таа покрај дел од градот ги опфаќа и селата: Сараќино, Долно Палчиште и Мала Речица.
- Четврта тетовска парохија - главна парохиска црква е црквата „Свети Никола“ која ја опслужува протојереј-ставрофор Ратко Милановски, а во состав на оваа парохија покрај дел од градот опфатени се и селата: Лавце, Долна Лешница и Требош како и манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ којшто се наоѓа на месноста Балтепе над Тетово.
- Милетинската парохија ја опслужува свештеникот Ненад Ѓорѓевски и таа ги опфаќа селата: Милетино, Челопек, Блаце, Теново, Стенче, Волковија и Радиовце.
- Брвеничката парохија ја опслужува Ивица Спасеноски и таа ги опфаќа селата: Брвеница, Долно Седларце и Фалише.
- Теаречката парохија ја опслужува протојереј-ставрофор Димитрије Крстески и опфатени се селата: Теарце, Отушиште, Лешок, Слатино, Ратае, Варвара, Брезно, Жилче, Шемшево и Прељубиште. Во составот на оваа парохија е и манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и „Света Богородица“ од с. Лешок.
- Сиричинско-раотинската парохија ја опслужува свештеникот Дарко Наумовски а опфатени се селата: Сиричино, Туденце, Копанце, Раотинце, Јанчиште, Подбреѓе и Јегуновце.
- Вратничката парохија ја опслужува свештеникот Перица Бојковски. Таа ги опфаќа селата: Вратница, Старо Село, Рогачево, Беловиште, Одри, Доброште, Глоѓи, и Јелошник.
Оштетувања во конфликтот од 2001 година
[уреди | уреди извор]За жал, за време на војната во 2001 г. значителен дел од црквите што ги обединува Тетовското архијерејско намесништво претрпеле сериозни оштетувања како мета на терористичките напади на ОНА и нивните соработници. Оттогаш, многу од објектите се обновени.
Идни проекти
[уреди | уреди извор]Во последнава деценија е посебно нагласена иницијативата на верниците за обновување и подигање на нови цркви, која е масовно поддржана од верниците преселени во западноевропските и прекуокеанските земји. Се подигаат нови цркви и црковни придружни објекти, поради зголемениот интерес на населението за црковно и духовно живеење.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]