Црква „Св. Троица“ - Блаце
Света Троица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Тетовско |
| Парохија | Милетинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°53′8″N 21°1′7″E / 41.88556°N 21.01861°E |
| Место | Блаце |
| Општина | Брвеница |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Троица |
| Изградба | 1978 2002 |
| Осветување | 1983 |
| Архитектонски опис | |
Света Троица — главна манастирска црква на Блатечкиот манастир во тетовското село Блаце, Македонија.[1]
Во самата црква се наоѓа изворот „Самовилска Вода“, што претставува и археолошко наоѓалиште, бидејќи таму се наоѓал сакрален објект од старохристијанско време и средниот век. Новата црква е изградена врз тој објект, а самиот извор се смета за лековит и луѓе од разни краишта доаѓаат да го посетат.[2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена југоисточно од селото, на падините на Сува Гора.[3] До црквата води земјен пат, кој започнува од главната селска црква „Св. Ѓорѓи“.
Историја
[уреди | уреди извор]Мештаните најпрвин подигнале капела во 1920-тите години.[3]
Според натписната плоча на самата црква, таа била возобновена во 1978 година и осветена во 1983 година. Во 2002 година, повторно била возобновена.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата поседува делумен фрескоживопис во внатрешноста.
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Во црквата има мал дрвен иконостас.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Апсидата
- Натписната плоча
- Влезот
- Ниша на камбанаријата
- Поглед на црквата
- Внатрешноста
- Водата внатре во црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 417. ISBN 9989-649-28-6.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 409.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Троица“ - Блаце на Ризницата ?- Самовилската вода без нишан не лекува Архивирано на 4 март 2016 г. - Репортажа за манастирската црква


