Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Брвеница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаТетовско-гостиварска
Архијерејско намесништвоТетовско
ПарохијаБрвеничка
Местоположба

Карта

Координати41°57′58″N 20°58′53″E / 41.96611°N 20.98139°E / 41.96611; 20.98139
МестоБрвеница
ОпштинаБрвеница
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Атанасиј
Изградба1922
Осветување1930
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна

Свети Атанасиј — главна селска црква во тетовското село Брвеница, Македонија.[1]

Црквата претставува парохиски храм на Брвеничката парохија.

Местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на црквата во 2009 година. Истата по нејзината обнова во 2018 година и доградбата од трите страни и новата фасада е со целосно изменет лик

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште „Коста Рацин“.

Во дворот на црквата се наоѓаат две спомен-бисти, посветени на Дано Петрески и Жарко Кузмановски.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1922 година, а осветена во 1930 година. Подигната е врз темели на црква од 1628 година, исто така посветена на Атанасиј I Александриски.[2]

Истражувачот Јован Трифуноски, пак, запишал дека селото добива нова црква во 1931 година, а претходно само се познавале стари дабови каде имало остатоци од стариот храм.[3]

Во 2018 година започнале големи зафати на црквата, со што црквата била проширена во три насоки и со тоа се добил поголем наос. Целта била да се добие поголем простор во внатрешноста за да може да собере поголем број на верници. Старата црква останала внатре, без менување на олтарот.[4] Во рамки на обновата и проширување била направени купола, камбанарија, крстилница, како и нов базен за верски обреди, а бил уреден и црковниот двор со зеленило и летниковци.[5]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Најпрвин, црквата во 1922 година била изградена како еднокорабна со полукружна апсида од источната страна, додека во 2018 година било извршено доградување на црквата со доѕидување на јужниот и северниот кораб.[6]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата поседува фрескоживопис, кој бил изработен во две фази. Постариот живопис е зачуван само во конхата на олтарната апсида од 1930 година, додека живописот од истиот период во куполата и на пандантифите бил изваден, но не бил вратен по доградувањето. Овој живопис бил изведен од Данаил Фрчкоски.[6]

Новиот живопис е од периодот по 2000 година и се насликани куполата од централниот кораб, ѕидните и сводните површини во страничните кораби, како и во лачните отвори. Овој живопис бил изработен од Дејан и Тања Кратевски.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Архиерејска Божествена Литургија во чест на свети Атанасиј Александриски во с. Брвеница, тетовско“. 5 февруари 2007. Посетено на 2010-08-23.
  3. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 409.
  4. „Се проширува црквата во тетовска Брвеница“. Нова Македонија. 2018-09-14. Посетено на 2025-11-24.
  5. Инфо, Тетово (2019-08-05). „Нов лик на црквата „Свети Атанасиј" во тетовска Брвеница“. Тетово Инфо. Посетено на 2025-11-24.
  6. 1 2 3 „МПКН“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2025-12-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]