Црква „Св. Недела“ - Теново
Света Недела | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Тетовско-гостиварска |
| Архијерејско намесништво | Тетовско |
| Парохија | Милетинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°52′58″N 20°59′30″E / 41.88278°N 20.99167°E |
| Место | Теново |
| Општина | Брвеница |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Недела |
| Изградба | 1939 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Света Недела — главна манастирска црква на Теновскиот манастир во тетовското село Теново, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на истоименото возвишение, кое претставува граница помеѓу областите Горен и Долен Полог, кое денес претставува и атарска граница помеѓу селата Теново и Стенче.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е спомената во записите за старото село Стенче уште во средниот век, кога била приложена на тетовскиот манастир „Св. Богородица“.[2]
Селаните во 1939 година подигнале параклис посветен на Света Недела на место каде некогаш имало стар храм и гробови.[2]
Православните мештани оделе двапати годишно на местото каде некогаш се наоѓала црквата и таму палеле свеќи. Во минатото околу манастирските руини врзувале платно и се причестувале.[2]
Црквата повеќепати била цел на кражби каде биле украдени пари и 9 вредни икони.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата има трикорабна градба и камбанарија од западната страна, која е многу слична како селската црква „Св. Никола“ во Теново.[4]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата има делумен фрескоживопис, кој е изведен во три фази. Најстариот слој е од 1937 година, кој е зачуван само во сводот и во олтарната конха. На јужниот ѕид има живопис од 1996 година, додека над западниот влез се наоѓа живопис од 2021 година.[4]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата има иконостас.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Ниша со фреска на камбанаријата (север)
- Ниша со фреска на камбанаријата (југ)
- Ниша со фреска на камбанаријата (запад)
- Апсидата
- Камбанаријата
- Влезот
- Ниша над влезот
- Северната страна
- Поглед на црквата
- Историска фотографија од изградбата (9 октомври 1935 година)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 407-409.
- ↑ „Крадци градат икони по список“. Вест. Посетено на 2010-05-02.[мртва врска]
- 1 2 3 „МПКН“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2025-12-14.


