Радиовце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Радиовце
Radiovce pogled.jpg

Поглед кон Радиовце од ридот Горица

Радиовце is located in Македонија
Радиовце
Местоположба на Радиовце во Македонија
Координати 41°54′24″N 20°57′47″E / 41.90667° СГШ; 20.96306° ИГД / 41.90667; 20.96306Координати: 41°54′24″N 20°57′47″E / 41.90667° СГШ; 20.96306° ИГД / 41.90667; 20.96306
Регион Полошки
Општина Coat of arms of Municipality of Brvenica.svg Брвеница
Население 1049 жит.
(поп. 2002)
Површина н.п. км²
Пошт. бр. 1213
Повик. бр. 044
Надм. вис. 590 м м
Слава Атанасиј Александриски
Commons-logo.svg Радиовце на Ризницата


Црквата св. Атанасиј во село Радиовце

Радиовцесело во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Ова е едно од помладите села на општината, но доста важно за општествениот живот на околните села.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Радиовце е едно од ретките села во општина Брвеница кое целосно се простира во Полошката Котлина. Селото лежи на две реки: Вардар и Боговињска Река. Овие две реки имаат голема важност за населението на село Радиовце како за земјоделските потреби така и за риболовот кој е застапен во не многу големи размери. Поради двете реки кои го опфаќаат село Радиовце, почвата е доста плодна и погодна за поголем број култури како што се: пченка, пченица, познатиот тетовски грав, репка, ’рж и сите градинарски култури кои успешно се одгледуваат на тоа тло со векови. Исто така од голема важност има и планината Горица што се простира веднаш до ова село. Таа игра важна улога, не само за ова село, туку и за сите села во дрвната индустрија и е важен извор на огревен материјал и извор за дрвен материјал користен во месните фабрики. Спојот на реката Вардар и планината Горица му даваат на селото Радиовце одлична местоположба што дава и големи бенефити. Исто така важно е да се напомене дека еден од главните регионални патишта што ги поврзуваат Тетово и Гостивар поминува низ Радиовце. Согледувајќи го тој факт, Радиовце е исто така важна транзитна точка на регионалните патишта на Полошката Котлина.

Историja[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Радиовце.

Кон крајот на XIX век Радиовце било во склоп на Тетовскиот округ на Отоманското Царство. Во 1900 година живеле околу 140 жители од кој повеќето било христијанско македонско население. Во тоа време луѓето биле организирани и се држеле заедно под дејство на македонската црква која им била духовен водач.

Потекло на името Радиовце[уреди | уреди извор]

Приказната за добивање на името Радиовце е доста позната на сите жители на Радиовце, па и околината. Имено додека не било населено местото, на самото место имало големи пасишта и најчесто доаѓале овчари од околните места. Меѓу нив дошол еден овчар кој си направил скромен дом на пасиштето и тука престојувал и во зима и лето. Тоа било малку чудно за жителите на околните места па често го прашувале зошто седи тука кога нема никој друг. Овчарот едноставно одговарал: `Ради овце` (Поради овците- на тетовски дијалект. Така останало името за неселеното место кое малку подоцна се развило.[1]

Според некоја друга легенда која е помалку веројатна, се смета дека луѓето се населиле од планините поради „рад и овце“, односно работа и овци. Инаку името понекогаш се споменува и како Радиовци.

Луѓето од Радиовце се попознати како „ракари“, поради тоа што порано во тој дел на Вардар имало изобилство на речни ракови, кои сега за жал се целосно истребени.

Демографија[уреди | уреди извор]

Милетска македонска и албанска женска и машка носија

Во османските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626-1627 година селото е одбележано под името Радиовче со 46 џизие ханиња (домаќинства). [2]

Кон крајот на XIX век Радиовце е село во Тетовската каза на Османската империја.

Според статистиката на Васил К’нчов (“Македонија. Етнографија и статистика.”) од 1900 година Радиовци е село, населено од 150 жители Македонци христијани. [3]

Целото христијанско население во селото било под влијание на Бугарската Егзархија во одреден период. Според податоци на секретарот на егзархијата Димитар Мишев (“La Macédoine et sa Population Chrétienne”) во 1905 година во Радиовце има 200 Македонци егзархисти.[4]

По избувнувањето на Балканската војна Цветко Илиев Серов од Радиовци е доброволец во Македонско-одринското ополчение. [5] После Меѓусојузничката војна селото останува во склоп Србија, а потоа на Кралство СХС.

Според Афанасиј Селишчев (“Полог и его болгарское население”) во 1929 година Радковце е село во Брвеничката општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 47 куќи со 345 жители Албанци, но на приложената етничка карта Радиовце е одбележано како мешано село. [6]

Според пописот од 2002 година селото има 1.049 жители и претставува голема населба. [7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 461
1953 337 197 ... 534
1961 327 246 ... ... 22 ... 4 599
1971 299 308 16 5 ... ... 2 630
1981 284 535 2 ... 4 825
1994 346 678 2 ... 1.026
2002 346 691 3 9 1.049

Историски гледано населението во Радиовце отсекогаш било со мешан етнички состав. Исто така историски гледано, населението во село Радиовце е дојдено од повеќе маста на Македонија, најчесто од околните села во Полошкиот регион како што се Градец, Лисец, Жеровјане, Стримница. Поголем број на жители дошле и од Поречието и околните Поречки села. Кај албанското население се забележува доселување од селата Гургурница и Корита и мал дел од селото Чегране.

Родови[уреди | уреди извор]

Радиовце е мешано македонско-албанско село, сите родови во селото се доселенички.

Македонски родови во Радиовце се: Стојковци или Шукаловци (3 куќи) најстар род во селото, доселени се од некое село во охридско. Се доселил предокот Богоја. Од овој род во првата половина на XIX век живеел некој Стојко, кој се занимавал со обработка на живопис; Џукљевци (4 куќи) доселени се од крушевско. Ја знаат следната генеологија Славе (жив на 40 год. во 1946 година) Спиро-Стојче-Стојан-Нестор, кој се доселил во селото; Бибовци или Тумановци (3 куќи) и они се доселени од крушевско; Аврамовци или Кукушовци (4 куќи) потекнуваат од предокот Ристо, кој се доселил од сега албанското село Лисец. Ја знаат следната генеологија Ѓуре (жив на 43 год. во 1946 година) Никола-Аврам-Ристо, кој се доселил; Гушав-Ѓоргијовци (4 куќи) доселени се од селото Тумчевиште; Митревци (2 куќи) доселени се однекаде; Тагајовци (3 куќи) доселени се од селото Туденце; Кастревци (3 куќи) доселени се од некое село во прилепско; Шекериловци (5 куќи) доселени се од селото Лисец; Танушовци (4 куќи) доселени се од селото Горно Фалише; Кумановци (1 куќа) доселени се од селото Жеровјане, а таму се доселени од околината на Куманово; Николовци (1 куќа) доселени се во 1916 година од селото Стеблево, Голо Брдо; Тантевци (4 куќи) најпрво живееле во селото Тумчевиште, од каде се иселиле во Милетино, па од таму во Радиовце; Шаневци (1 куќа) доселени се од селото Жеровјане; Ќировци (1 куќа) и они се доселени од селото Жеровјане; Бошковци или Добревци (1 куќа) потекнуваат од предокот Добре, кој се доселил со синот Душан. И они се доселени од селото Жеровјане; Мефтаровци (2 куќи) доселени се од селото Милетино; Грнчаровци (1 куќа) доселени се од селото Челопек, во Челопек се доселени од селото Блаце; Галичани (1 куќа) доселени се 1943 година од Галичник.

Албански родови во Радиовце се: Суљои (1 куќа) доселени се од селото Корито, таму се доселени од некое село во Горна Река; Салијини (9 куќи) исто потекло како и родот Суљои, најпрво живееле во Горна Река, па во Корито, и на крај во Радиовце; Османои (8 куќи) исто потекло како и претходните два рода. Со Суљои и Салијини биле еден род во Горна Река, Суљои се доселени на почетокот на XX век, Салијини после 1912 година, а Османови во првата половина на XIX век; Беџетој (4 куќи) доселени се од селото Челопек.[9]


Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеничкиот бран во Радиовце се забележува во текот на 60 и 70-те кога многумина мигрираат во Скопје и Тетово, а помал број и во соседна Србија. Мал број се иселени во САД, а околу 3 семејства во Германија.

Кај албанското население забележано е иселувања во последните 10 години, кои претежно заминуваат во Германија и Швајцарија, а поголем број се во бившите југословенски земји (Словенија,Хрватска и БиХ).

Интересно е да се напомене дека и покрај иселувањата во 80-те имаме и масовни доселувања. Така од Поречието пристигнуваат 30 фамилии кои се населуваат на црквиното место „Ваков“,а од 2000 па наваму почнуваат да се населуваат и албански фамилии, кои доаѓаат претежно од сувогорските планински села Гургурница и Корита.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Видете Црква "Св. Атанасиј" - Радиовце
Црквата „Свети Атанасиј“

Во селото Радиовце се наоѓа Месната заедница за селата Радиовце, Волковија, Теново, Стенче и Гургурница. Таа месна заедница функционира во рамките на општина Брвеница како подрачна единица за сите села горе споменати. Фукционирањето на месната заедница во селото Радиовце е од важен карактер за околината. Имено, тука се заверуваат сите бракови од сите села, се верификуваат сите смртни случаеви, се издаваат уверенија и слични државни документи.

Во село Радиовце многу добро финционира и црквата св. Атанасиј Таа е игра важна улога во животот на православното население и центар за сите културни збиднувања на православното население на Радиовце. Од особена важност е да се напомене одбележувањето на патрониот празник на црквата Свети Атанасиј, што се одржува секоја година на 31 јануари. Исто така во дворот на црквата се одржуваат собирања на населението за време на празниците Божиќ, Велигден. Бадник и Св. Василиј- Василица. Исто така во рамките на село Радиовце важна улога игра и џамијата во село Радиовце. Таа е клучна за културниот и општествениот живот на муслиманското население на село Радиовце. Исто така во рамките на џамијата има и библиотека која располага со поголем број на верски материјали потребни за секојдневниот живот на муслимаското население во село Радиовце.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Во рамките на селото Радиовце успешно функционираат неколку институции како што се „Месната Заедница на општина Брвеница“, основното училиште кое е под надзор на Централното училиште „Гоце Делчев“ во село Стенче, црквата `Св. Атанасиј` и џамијата во Радиовце.

Месната заедница е централна за околните села Радиовце, Теново, Стенче, Волковија, и Гургурница. Во неа се извршуваат сите повитални општествени обврски како што се издавање потврди, заверување на венчавки, смртни случаеви и слични работи.

Основното училиште било во склоп на централното училиште во село Жеровјане. Со новите измени тоа е сега под централното училиште „Гоце Делчев“ во с. Стенче. Ова училиште го посетуваат околу 50 или повеќе ученици, а раководени од 4 наставници, двајца од македонска настава и двајца од албанската настава. Училиштето е реновирано во 1995 година и одлично функционира.

Црквата „Св. Атанасиј“ е важен верски храм за православните жители на Радиовце. Таа финционира во склоп на Македонската Православна Црква и поп е отец Ненад кој е задолжен и за околните цркви што се во склоп на Милетската парохија.

Џамијата во село Радиовце ито така има важен удел врз населението со муслиманска вероисповед. Таа е културен и верски центар на муслиманското население и во рамките на џамијата фунционира библиотека неопходна за секојдневните потреби на неселението.

Карактеристики и културно-природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Традиционална женска народна носија во селото

Традиционалната носија во селото Радиовце се разликува од останатите во поглед на нивната декорација. Таа е карактеристична со црниот вез на бела основа и има своја специфична орнаментика. Боја која претежно преовладува е темно-црвената. Постоеле повеќе видови на женска носија како невестинска, за вдовици, секојдневна и празнична. Додека пак кај мажите носијата е скоро иста.

Со самит тек на годините и заборавот на традиција, во селото исчезнува и дел од традиционалните обичаи и некои посебни културни карактеристики.

Како голема благодарност од страна на тогашна СРМ, за големиот удел на населението во втората светска војна, во селото се подигнува еден споемник. Тој се наоѓа во кругот на фабриката, во самиот центар на селото т.н. Збирало.

Поради самата географска положба во селото во средишниот дел на Полог, нема апсолутно никакви археолошки наоѓалишта, како што има кај соседните села Стенче, Челопек и Блаце. Самата селска црква Св.Атанасиј е своевиден културен споменик, која не изградена на крајот на XIX век на стари црквени темели.

Своевидна атракција може да се рече дека е и планината Горица, која всушност е крак на Сува Гора. Висината е околу 400 метри и на неа се наоѓаат 4 високи предаватели на македонските телекомуникациски компании. До половината води еден прекрасен широк пат до месноста „Лединче“.

Малечката река Богошница која минува низ центарот покрај црквата прави своевиден мини парк.Со своите 2 притоки го хранат можеби најстарото дрво во околината т.н Јасенот, кој се издига во близина на селото.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Како редовни настани што се одржуваат во село Радиовце се изделуваат прославувањето на празникот на црквата „Св. Атанасиј“ на 31 јануари. Тој празник се одбележува со спремување на ручек и пристојна забава за помалдите припадници на православната религија.

Посебна приказна за себе е прославата на Св. Василиј на 14 јануари или попозната како Василица. Тогаш децата се облекуваат во различни маски и така одејќи од куќа во куќа и пеејќи ја василичарската „Трака трака„ собираат подароци. Исто така и девојчињата имаат т.н. свој ден .Тие пак на Лазаревата Сабота или Лазарици се облекуваат свечено (најчесто невести) и одејќи и пеејќи од куќа во куќа, накитени со цвеќиња ја наговестуваат пролетта и воскреснувањето на Исус Христос.

Интересно е и да се напомене дека со самото доаѓање на доселениците од Поречието го донесле и бадник со себе, односно како ден за шетање и пеење песни. Посебни настани се исто така палењето на огнови, од кој едниот бадничарскиот во дворот на црквата, а другиот василичарскиот на планината Горица на месноста Лединче. Фрлањето на крстот за Водици се одржува во дворот на црквата во базенот, а ден пред тоа крстовите шетаат, односно одат од куќа во куќа.

Исто така Треба да се спомене и одбележувањето на празникот Курбан Бајрам кој е прославуван од муслиманското население. Тој празник се одбележува со принесување на жртва- Курбан кој е поделен на 3 дела еден за семејството еден за соседите и еден дел за сиромасите. Меѓу другите настани се одбележува и прославата на Новата Година. Најчесто е прославувана на центарот на селото со приготвување на мали огномети.

Василичарската песна на Радиовце

Трака, трака Василица
дај ми бабо сланиница,
да наранам дечињата,
да им пукнат мешињата...
оооооојјјј суроооооооо
догодина повесело

Однос со околните население места[уреди | уреди извор]














Circle frame.svg

Религија во Радиовце (попис 2002)[10]

  Православие (&1000000000000033300000033,3%)
  Ислам (&1000000000000006600000066%)
  Католицизам (&100000000000000010000000,1%)
  Останати (&100000000000000060000000,6%)

Иако селото Радиовце можеби се наоѓа поблиску до градот Гостивар, луѓето се секогаш ориентирани кон Тетово. Институционалните, социјалните и општествените проблеми на граѓаните од селото Радиовце се решаваат во Тетово.Исто така Тетово е центарот за високото образование на младите луѓе од Радиовце и главен центар за трговија, здравство и рекреација. Иако се примарно луѓето ориентирани со Тетово, голем број на луѓето имаат и добри односи со Гостивар. Имено, доста млади луѓе се образуваат во Гостивар, одвиваат трговски врски со граѓаните на Гостивар и голем број на религиозни и културни настани се одбележуваат во Гостивар.

Економија[уреди | уреди извор]

Како што се менува економската состојба во Македонија, така истата се менува и во селото. Во почетокот на ’80 во Радиовце се изградила фабрика, популарно наречена „КОРПАРА“ во која се плетеле кошници и мебел од прачки. Подоцна таа прераснува во мини фабрика ѕа мебел, која за покасно во доцните ’90 и целосно да се затвори. Освен неа, во селото има два супер маркети и 3 мини маркети популарно наречени „дуќани“. Функционира и претпријатие за производство на бекатон цигли, санитарно претпријатие `Река Комерц` високософистицирана фирма за градежништво, малечко претпријатие за производство на огради од ковано железо, бензинска пумпа, обложувалница, земјоделска аптека, повеќе дневни локали за чај и кафе и др.

Населението е претежно вработено во Тетово, а остатокот по околните села.

Земјоделство[уреди | уреди извор]

Главен извор за егзистенција на населението во Радиовце е земјоделството и сеење на разни култури. Поголем број од граѓаните на Радиовце поради тешката транзиција во која се најде Македонија и Балканот се одлучиле за обработка на земјата и добивање бенефити од истата. Најчесто сеени култури се пченката и гравот. Гравот е најпознатиот производ не само на Радиовце туку на целиот Полог. Други култури кои можат да се видат се пченицата, `ржот, сите градинарски култури, пиперката и разни овоштарски култури. Најчесто одгледувани овошја се јаболкото, крушата и вишните. Радиовце располага со поголем број обработливи површини кои се многу погодни за одгледување на сите култури. Најголеми обработливи површини кои можат да се најдат во Радиовце се малите области Караџица, Прекурека, Тапанец, Прачки, Ограда, Требаци, Касовчица, Рупа, Тумбарче, Песок, Земјоделскиот индустриски комбинат и Плавенца која за жал прерасна во повеќе урбана средина. Сите овие површини се достапни како со вода за наводнување така и со патишта за полесен пристап. Голем број на земјоделци од Радиовце се опремени со земјоделски машинерии како трактори, сеалки, копачки, косачки и други.

Од голема важност е да се напомене изградбата на хидро-мелиоративниот систем на реката Вардар во самото село изградено во `70 години. Од тука почнува со канал да се наводнува скоро цел Полог.

Според некои економски експерти, Земјоделскиот индустриски комбинат „Вардар„ би требал да се отуѓи и да се продаде на странски инвеститор кој би можел тука да подигне економска зона.Со нековите стотици хектари, блискоста со само десетина метри од железничката пруга и автопатот, тој нуди непроценливи можности ѕа иѕградба на фабрики,кои би го исфрлиле дој дел на Полог во едно од најразвиените делови не само на Македонија, туку пошироко на Балканот и Европа.

Спорт и рекреација[уреди | уреди извор]

Во селото опстојувал фудбалски клуб „Радиовце“ сè до `90- те кога клубот згаснува. Потоа имало некои безуспешни обиди да се обнови. Самиот клуб го има еднаш освоено и првото место во тетовската регионална лига.

Самата река Вардар која поминува низ селото беше своевремено атрактивен рекреативен центар, но со самото загадување на реката се загубија и луѓето кои доаѓаа на излет.Од особен интерес на посета беше местото каде што се влева Боговинската Река со своевидно место за одмор и рекреација. Радиовце е едно од ретките села кое има изградено повеќе мултифункционални спортски терени. Во средишниот дел на маалото Ваков се наоѓа големиот фудбалски терен. Кај браната на реката Вардар се наоѓа терен за street-ball и во самиот училишен двор теренот за мал фудбал, ракомет и кошарка кои се соодветно опремени и деноноќно осветлени со рефлектори.

Познати личности од Радиовце[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Апостол Поп-Јовановски, „Македонски народни легенди“, стр. 31
  2. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
  3. Кънчов Васил, “Македония. Етнография и статистика.” София, 1900, стр. 212 К’нчов ги определува жителите на Радиовце како Бугари.
  4. Brancoff, D.M. "La Macйdoine et sa Population Chrйtienne". Paris, 1905, р.122-123.
  5. “Македонско-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав. По документи на Дирекция "Цнтрален военен архив", София 2006, стр. 317
  6. [Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22. ]
  7. Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  9. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 405-406-407. 
  10. Попис 2002Завод за статистика на РМ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]