Прејди на содржината

Рогачево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рогачево

Куќи во Рогачево

Рогачево во рамките на Македонија
Рогачево
Местоположба на Рогачево во Македонија
Рогачево на карта

Карта

Координати 42°9′23″N 21°9′24″E / 42.15639°N 21.15667°E / 42.15639; 21.15667
ОпштинаЈегуновце
Население во атар1282 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО28067
Надм. вис.770 м
СлаваИлинден
Мреж. местоРогачево
Рогачево на општинската карта

Атарот на Рогачево во рамките на општината
Рогачево на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Рогачево — село во Општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Долни Полог, во југоисточните пазуви на Шар Планина, под црвот Љуботен.

Историја

[уреди | уреди извор]

Рогачево за првпат се споменува во турските дефтери и пописи во 1467 година. Според усмените приказни, се кажува дека тука во шумата над изворот се сокривале некој монаси, веднаш по Косовската битка. Тоа место и тој извор и ден денес се вика Калуѓер. Во Рогачево во 1467-68 година имало 59 домаќинства и 4 вдовици. Во време на вториот и третиот попис во 1545 и 1568 за Рогачево нема точни информации колку домаќинства живееле, но има информации дека Рогачево и селото Вратница имале најголем број на домаќинства.

Во XIX век, Рогачево било село во рамките на Полошката нахија во Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рогачево живееле 210 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рогачево имало 440 Македонци, патријаршисти.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Рогачево е центар на општина и има 54 куќи со 396 жители, сите Македонци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]

Рогачево е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 574 жители, а во 1994 година 353 жители, македонско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 347 жители, од кои 338 Македонци, 8 Срби и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 282 жители, од кои 250 Македонци, 10 Срби, 3 останати и 19 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 440 565 563 574 554 572 552 353 347 282
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Рогачево е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Станковци (8 куќи);Ќосевци (3 куќи); Јанковци (8 куќи); Ивановци (9 куќи) имаат иселеници во Вратница и во Белград (едно семејство); Окалинци (2 куќи); Мрчиќевци (7 куќи); Милевци (3 куќи); Трпановци (4 куќи) имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Николовци (11 куќи)
  • Доселеници: Рајчиќевци (9 куќи) доселени се од селото Биќевац во Косово. Имаат иселеници во Белград (едно семејство); Шоповци (5 куќи) доселени се од Сириниќ; Грујевци (10 куќи) потекнуваат од предокот Грујо, кој се доселил од некое село во Горна Морава. Имаат иселеници во Ратае, Раотинце и во Фалише;.Дојчиќевци (1 куќа) рано доселени од Косово или Горна Морава. Имаат иселеници во Јанчиште; Костанаќовци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од соседното село Вратница. Таму припаѓал на некој староседелски род.[12]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Цркви[13]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2131 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 339 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
ФК Рудар

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 211.
  3. ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
  4. ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
  5. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“. Архивирано од изворникот на 2022-06-04. Посетено на 2024-01-24.
  6. ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. ↑ Трифуноски, Јован (1972). Полог. Белград: САНУ. стр. 293-294-295.
  13. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. ↑ „Нови градоначалници - Тони Коцески“. 16 октомври 2006. Посетено на 2009-10-25.[мртва врска]
  17. ↑ „Кумановскиот „снајперист" страв и трепет за голманите“. 12 декември 2006. Посетено на 2009-10-25.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]