Црква „Св. Илија“ - Стенче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Св. Илија
St. Ilija in Stenče.jpg

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Полошко-кумановска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Милетинска
Местоположба
Населено место Стенче
Општина Брвеница
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1867
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црквата Свети Илија е главната селска црква во тетовското село Стенче. Изградена била во 1867 година[1]. Во црквата се наоѓаат 4 оригинални икони на Дичо Зограф („Исус Христос Вседржател“, „ Богородица Одигитрија“, „Св. Јован Претеча“ и „Вознесение на св. Илија“) насликани во 1866 година.[2] Иконите во 2001 година биле дадени на конзервирање во Заводот за заштита на споменици на културата, но кога иконите биле вратени, селаните го обвиниле тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Војо Михајловски за кражба на истите, кои наводно биле заменети со копии[3]. После овој настан вратени се уште други 4 икони („Св. Петар и Павле“, „Св. маченици Меркурие и Екатерина“, „Три ерарха (св. Григорие Богослов, св.Јован Златоуст и св. Василие Велики“) и „Св. Петка и Св. Недела“, но биле дело на Аврам, синот на Дичо Зограф. Црквата била и цел на кражби.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петковска, Наташа (16 мај 2007). „Празникот Свети Атанасиј -летен, вчера традиционално беше про-славен во Стенче“ (на македонски). КИСС ТВ. http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=553. посет. 30 април 2010 г. 
  2. ГРОЗДАНОВ, Цветан; Дичо Зограф и неговите ученици во црквата Свети Илија во Стенче, Гостиварско / Цветан Грозданов.
  3. Ни ги одзедоа иконите на Дичо Зограф, а ни вратија "реставриран" кич“, Дневник (посет. 1 мај 2010 г). (на македонски)
  4. „Оштетени и ограбени две цркви во Тетовско“ (на македонски). Утрински Весник. 10 март 2009. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=94AC5C0B2669EE49BCAA6CEE53D376AD. посет. 1 мај 2010 г.