Копанце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Копанце
Копанце is located in Македонија
Копанце
Местоположба на Копанце во Македонија
Координати 42°2′53″N 21°8′16″E / 42.04806° N; 21.13778° E / 42.04806; 21.13778Координати: 42°2′53″N 21°8′16″E / 42.04806° N; 21.13778° E / 42.04806; 21.13778
Општина Јегуновце
Население 1059 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 28037
Надм. вис. 513 м
Копанце на општинската карта
Копанце во Општина Јегуновце.svg

Атарот на Копанце во рамките на општината
Commons-logo.svg Копанце на Ризницата


Копанце — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, од десниот брег на Вардар, оддалечено 24 километри североисточно од Тетово.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век е дел од Тетовската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 1.059 жители, од кои:[1]

Националност Број
Македонци 300
Албанци 752
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 4
Бошњаци 0
други 3

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[2]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 475
1953 275 260 ... 3 538
1961 290 301 ... ... ... 3 594
1971 288 398 1 ... 2 ... 9 698
1981 329 577 5 ... 6 917
1994 311 555 1 2 869
2002 300 752 4 3 1.059

Родови[уреди | уреди извор]

Копанце е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година родови во селото се

Македонски родови во селото се:

  • Староседелци: Гуљевци (3 к.) имаат иселеници во Сиричино; Машовци (4 к.) имаат иселеници во Жилче; Кашој (1 к.) имаат иселеници во Прељубиште (Смилевци).
  • Доселеници: Пуздерковци (14 к.) доселени се од прилепско. Го знаат следното родословие: Петко (жив на 60 г. во 1947 година) Арсо-Ристе-Петре-Најдо, основачот на родот кој се доселил. Најдо имал брат кој се населил во Прељубиште. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство); Николовци (1 к.) доселени се од селото Јанчинце. Имаат иселеници во Америка (три семејства); Чкаловци (4 к.) доселени се од Ратае, го знаат следното родословие: Будимир (жив на 70 г. во 1940-тите) Јандро-Спасо, кој се доселил, во Ратае се доселиле од велешко. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Типој или Фуфуровци (2 к.) доселени се од некое околно рамно село. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Грнчаровци (1 к.) доселени се од селото Блаце, таму имаат истоимени роднини кои се староседелци; Митревци (1 к.) доселени се од Подбреге, таму имаат истоимени роднини. Подалечно потекло од селото Врбештица во Косово.


Албански родови во селото се:

  • Доселеници: Мемедовци (5 к.) доселени се од фисот Красники во северна Албанија, доселени се средината на XIX век, го знаат следното родословие: Амди (жив на 44 г. во 1947 година) Алит-Амет-Мемет, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Весел (8 к.) доселени се од некое село во Качаничка клисура, го знаат следното родословие: Руфат (жив на 74 г. во 1947 година) Сали-Весел, основачот на родот кој се доселил; Емруловци (4 к.) доселени се од фисот Бериш во северна Албанија, од местото на старина отишле прво во Лисец, каде останал еден дел од родот (Берише 16 к.), во северна Албанија живееле во местото Али Сат кај Скадар; Адиловци (7 к.) од фисот Красниќи се; Алитовци (4 к.) исто потекло како и претходниот род. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Раман (1 к.) доселени се од селото Радуша, и они тврдат дека се од фисот Красниќи.[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 2121 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 1.014 гласачи.[6]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Саве Савевски (р. 24 јануари 1955) - македонски политичар, пратеник во Собранието и член на ВМРО-ДПМНЕ[7]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  3. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  4. „Одбележување на Православна Нова година и Денот на Свети Василиј Велики, наречен Василица во тетовско Копанце продолжи и вчера во доцните попладневни и вечерни часови“. КИСС ТВ. 15 јануари 2010. Посетено на 2010-04-28.
  5. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  6. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Список на пратеници“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-04-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]