Јачинце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јачинце
Јачинце во рамките на Македонија
Јачинце
Местоположба на Јачинце во Македонија
Јачинце на интерактивна карта

Карта

Координати 42°5′45″N 21°52′59″E / 42.09583° СГШ; 21.88306° ИГД / 42.09583; 21.88306Координати: 42°5′45″N 21°52′59″E / 42.09583° СГШ; 21.88306° ИГД / 42.09583; 21.88306
Општина Куманово
Население 72 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17042
Јачинце на општинската карта
Јачинце во Општина Куманово.svg

Атарот на Јачинце во рамките на општината
Commons-logo.svg Јачинце на Ризницата


Јачинце — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Средорек, оддалечено 27 километри југоисточно од Куманово. Се дели на две маала - Долно Јачинце, во долината на Крива Река и Горно Јачинце, на неколку километри на југ во северното подножје на планината Манговица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948443—    
1953508+14.7%
1961500−1.6%
1971389−22.2%
1981229−41.1%
ГодинаНас.±%
1991139−39.3%
199493−33.1%
2002106+14.0%
202172−32.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јачинце живееле 100 жители, од кои 246 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јачинце имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 184 патријаршисти.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 106 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци, 2 Срби и 1 лице без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 246 232 443 508 500 389 229 139 93 106 72
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Јачинце е македонско село.

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Коњарци (4 к.), Ефендици (3 к.), Неранџини или Баба Стојкини (2 к.), Ситновез (2 к.), Божиновци (1 к.), Саздевци (1 к.), Крајисевци (6 к.), Џунџуловци (2 к.), Чарапинци (5 к.), Пелтеци (3 к.) и Опашаци (1 к.).
  • Доселеници: Макрешанци (2 к.) доселени се од селото Макреш; Поповци (1 к.) доселени се од селото Мургаш; Жидиловци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Жидилово кај Крива Паланка; Џелевци (1 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка; Гужварци (1 к.) доселени се од селото Довезенце; Миљинци (4 к.), Ефендици (4 к.), Ристинци (3 к.) и Џелепци (2 к.) доселени се во 1908 година од селото Радибуш кај Крива Паланка; Муратовци (5 к.) и Стојменовци (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Милутинце кај Крива Паланка; Гарчанци (3 к.) доселени се од селото Градец кај Крива Паланка во 1920 година; Милинци (2 к.) доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка во 1920 година; Црцовци (2 к.) доселени се од селото Црцорија кај Крива Паланка во 1920 година.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселеници има во Клечевце (Зекици), Доброшане (Јачинци), Проевце (Бошковски).

После Втората светска војна иселување имало кон Скопје и Куманово.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 215.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]