Жидилово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жидилово
Куќи во Жидилово.jpg

Куќи во селото

Жидилово is located in Македонија
Жидилово
Местоположба на Жидилово во Македонија
Координати 42°13′30″N 22°23′44″E / 42.22500° СГШ; 22.39556° ИГД / 42.22500; 22.39556Координати: 42°13′30″N 22°23′44″E / 42.22500° СГШ; 22.39556° ИГД / 42.22500; 22.39556
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Област Славиште
Население 302[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1335
Повик. бр. 031
Надм. вис. 900-1.080 м
Жидилово на општинската карта
Жидилово во Општина Крива Паланка.svg

Атарот на Жидилово во рамките на општината
Commons-logo.svg Жидилово на Ризницата


Жидилово — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед селото Жидилово

Селото се наоѓа во областа Славиште, во крајниот источен дел на територијата на Општина Крива Паланка, од десната страна на Крива Река, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 900 до 1.080 метри. Од градот Крива Паланка, селото е оддалечено 12 километри.[2]

Жидилово зафаќа простран атар, кој се граничи со долината на Крива Река и патниот правец Крива Паланка-Ќустендил на југ. На североисток се протега македонско-бугарската граница. На северозапад се наоѓа атарот на селото Трново.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Славев Врв, Китка, Муртин Врв, Шумје, Мочилиште, Собориште, Крива Река, Преслап, Присоје, Тепе, Чашка и други.[3]

Селото има разбиен тип. Се разликуваат маала кои имаат различен број на куќи.[3]

Село Жидилово се наоѓа југоисточно од градот Крива Паланка, во непосредна близина на магистралниот пат во правец на граничниот премин Деве Баир. На северозапад се граничи со селото Трново, на југ со селото Кркља, на југоисток со селото Узем и на североисток со Општина Ќустендил, Бугарија.

Средиштето на селото се наоѓа на самиот патен правец Крива Паланка-Ќустендил, во близина на устието на Кркљанска во Крива Река. Таму се наоѓаат и училиштето, амбулантата, поштата и месната заедница.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Мештаните велат дека селото не е старо. Било основано во средината на XIX век од доселеници, за кои не се знае потеклото.[3] Постои одредено верување дека постоеле куќи и воденици по течението на Крива Река во месноста Црквиште во XVI век.

Во XIX век, Жидилово било село во Кривопаланечка каза, на Отоманското Царство.

Во текот на Балканските војни, жителите пребегнале во Бугарија. Потоа, повторно се вратиле во селото.[3]

Во периодот на Втората светска војна, селото потпаѓа под бугарска власт. Постарите селани сѐ уште се сеќаваат на жестоките бомбардирања на селото од страна на бугарски воени авиони.

По ослободувањето на тероторијата, во која биле вклучени голем број на локални жители, селото е дел од Општина Крива Паланка. Во периодот по ослободувањето, селото го доживува својот процут, како средиште на образовниот, културниот и уметничкиот живот источно од Крива Паланка.

Во рамките на тогашното централно основно училиште „Јосип Броз Тито“ функционира училишна задруга, во рамки на која учениците ги изразуваат своите способности во голем број на области. Неколку години по ред, училиштето е наградувано на федерално ниво, за најдобра ученичка задруга во Југославија. Од 1995 година, училиштето е преименувано во подрачно основно училиште „Јоаким Крчовски“.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 16,5 км². На него преовладуваат шумите на површина од 628,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 485,8 хектари, а на обработливото земјиште 437,2 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Во селото најзастепено е сточарството, пред сѐ одгледувањето на ситен добиток. Во минатото работела и предилница (килимара), која подоцна била претворена во погон за монтажа на моторцикли на електричен погон. Воглавно, населението егзистира од производство на компир и други производи и од блискиот рудник Тораница.

Во поново време е отворена текстилна конфекција во просториите на старата килимара, во која се вработени околу 60 лица, поголемиот број жители на селото.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жидилово имало 826 жители, сите Македонци.[4] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Жидилово имало 888 жители, егзархисти.[5]

По Првата светска војна селото било седиште на истоимената општина.

И од ова кривопаланечко село емигрирал голем број од населението. Така, во 1961 година броело 723 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 300 жители, од кои 297 биле Македонци.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Жидилово живееле 302 жители, од кои 299 Македонци и 3 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 826 888 761 803 723 603 408 292 300 302
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Жидилово е чисто православно македонско село. Според народното предание денешното село е основано околу 1850-1860-тите години. Сите родови во селото се доселени со непозната старина.[3]

Родови во Жидилово се: Вујиновци (11 к.), Цоневци (9 к.), Качаровци (8 к.), Куларовци (8 к.), Цибавци (6 к.), Чекмеџиовци (6 к.), Главинци (6 к.), Анѓелковци (6 к.), Жежовци (4 к.), Дејановци (4 к.), Марковци (3 к.), Јаќимовци (2 к.) и Бошковци (1 к.), како што е спомнато и погоре сите родови се доселени со непозната старина. Во родот Марковци се знае следната генеологија Стојчо (жив на 53 год. во 1973 година) Ристаќи-Стаменко-Марко, основачот на родот кој се доселил.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на подрачното основно училиште
Поштата во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Жидилово, во која селото Жидилово, се наоѓале и селата Костур, Кркља, Узем и Трново. Во периодот 1950-1952, исто така, постоела Општина Жидилово, во која влегувале селата Жидилово, Костур, Кркља и Узем.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0962 според Државната изборна комисија.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 230 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Споменици
Реки[12]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Во месноста Собориште во близина на Главино Маало, постои камен крст, каде мештаните се собираат за време на поголемите празници.[3]

Секоја година, по повод празникот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на 24 мај се одржува сенароден собир, проследен со пригодна културно-уметничка програма, која ја приготвуваат учениците од основното училиште, во соработка со КУД „Карпош“ од Крива Паланка.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Жидилово

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници има насекаде. Најмногу се иселени во Скопје и во скопските села, Марино и Белимбегово. Иселеници се сретнуваат и во градот Крива Паланка. Најголем дел од нив се иселени по Втората светска војна.[3]

Одредени родови како Поречанци (10 к.) живеат во кривопаланечкото село Киселица; Арсовски (2 к.) живеат во селото Брзак, Скопско; Петрови (1 к.) живеат во селото Кадрифаково, Овче Поле; Бошкови (2 к.), Крстови (1 к.), Дејанови (1 к.) и Велиновци (1 к.), живеат во селото Амзабегово, Овче Поле; Димитрови (2 к.), Спасови (1 к.), Јакимови (1 к.) и Цветанови (1 к.), живеат во селото Ерџелија, Овче Поле. Има иселеници и во кумановските села Јачинце и Умин Дол (Жидиловци, 3 к.).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 3 јуни 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 125. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 3 јуни 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 254-255. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 3 јуни 2019. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 3 јуни 2019. 
  12. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 40. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 
  13. Шумарски факултет (2012) (на македонски/english). 65 години Шумарски факултет (1947-2012) / 65 years Faculty of forestry in Skopje: on the annyversary. Скопје. ISBN 978-9989-132-15-5. http://www.sf.ukim.edu.mk/izdavacka_dejnost/monografija/UKIM_SFS_Monografija_65_godini.pdf. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]