Тораница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тораница is located in Македонија
Местоположба на Тораница во Македонија
Сфалерит од Тораница

Тораницарудник на олово и цинк, на планината Осогово во североисточна Македонија. Се наоѓа во околината на с. Саса, Општина Македонска Каменица, во северниот дел на рудното подрчаје Саса–Тораница, низ кое минуваат Каменица и Козја Река.

Настанок[уреди | уреди извор]

Наоѓалиштето настанало олигоценот и миоценот.[1] со минерализацијата на оловото и цинкот во Осоговско-малешевската вулканска област. Според условите на настанок, Тораница е хидротермално метасоматско наоѓалиште во скарновски облик.

Геолошка градба[уреди | уреди извор]

По геолошката градба, наоѓалиштето е метаморфна сложенка од гнајсеви, кварцово–графит шкрилци и други составници, како и терцијарни вулкански карпи (кварцлатити)[2].

Руди[уреди | уреди извор]

Содржината на главните метали во наоѓалиштето во просек е: 5% олово, 3% цинк, но и мало количество на сребро (20 грама на тон)[2]. Главни рудни минерали и носители на оловно-цинковото оруднување се галенитот и сфалеритот, а потоа пиритот, пиротинот, магнетитот, самородниот бизмут, бизмутинот, халкопиритот, енаргитот и други.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Група автори (2016). „Појави на вулканизам на територијата на Република Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 58. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf. 
  2. 2,0 2,1 Тораница“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 1496. (2009). Скопје: МАНУ.

Координати: 42°6′58″N 22°31′3″E / 42.11611° СГШ; 22.51750° ИГД / 42.11611; 22.51750