Саса
Саса | |
![]() Поглед на Саса | |
Координати 42°04′40″N 22°32′43″E / 42.07778° СГШ; 22.54528° ИГДКоординати: 42°04′40″N 22°32′43″E / 42.07778° СГШ; 22.54528° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осоговија |
Население | 876[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2304 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09021 |
Надм. вис. | 700-1.340 м |
![]() |
Саса — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Саса се наоѓа во областа Осоговија, во северниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 700 до 1.340 м. Селскиот атар зафаќа површина од 56,1 км2.[2] Со својата површина, атарот зафаќа голем дел од долината по течението на Каменичка Река, вклучувајќи ги и нејзините извори во Осоговските Планини.
Маалата во селото се познати како: Мачкарска Маала, Черовци, Протоѓерци, Шебовска Маала, Додевци, Требешка Маала, Деровци, Портарци, Аџиска Маала, Капетанска Маала, Литовци, Рамни Дол, Букоровенци, Ризанци, Трканица, Гујновци, Сарафатска Маала, Саратска Маала, Возарци, Борчето и Тораница.
Историја[уреди | уреди извор]
Саса како населено место води потекло многу одамна. Во средниот век, германското рударско племе Саси (Саксонци) започнале коп на руда и основале населба од каде што денеска потекнува и името на самото село. Денешниот рудник потекнува од XVII век.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 2.565 ха, на пасишта отпаѓаат 1.782 ха, а обработливото земјиште е на површина од 960 ха.[2]
Рударство[уреди | уреди извор]
Стопанска гранка од особено значење во селото е рударството. Во неговиот атар се сместени рудниците Саса и Тораница од коишто се ископува олово и цинк. За потребите на рудникот Саса било изградено и истоименото јаловиште.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Саса живееле 730 жители, од кои 700 Македонци и 30 Роми.[3]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Саса имало 558 жители, од кои 552 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 6 Роми.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Саса живеат 876 жители, од кои 874 Македонци и 2 Срби.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 730 | 558 | 1.656 | 1.117 | 1.226 | 1.206 | 1.388 | 1.034 | 1.190 | 876 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има амбуланта и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.
Во XIX век, селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 615 и 616 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[8]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Балташтица — топилница од средниот век;
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Јагодинска Река — топилница од средниот век;
- Конарник — црква од старохристијанско време;
- Маден — топилница од средниот век;
- Манастириште — црква од средниот век;
- Петрова Река — топилница од средниот век;
- Свиња Река — топилница од средниот век;
- Ќеровица — населба од доцноантичко време.
- Манастири
- Реки
- Споменици
- Споменик на Вера Јоциќ.
- Цркви
- Црква „Св. Архангел Михаил — манастирска црква.
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Саса
- Соња Стаменкова (р. 1968) — политичарка и градоначалничка на Општина Македонска Каменица.
- Починати во Саса
- Дончо Ангелов (1884 — 1921) — македонски револуционер;
- Вера Јоциќ (1923 — 1944) — југословенска партизанка.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 265.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900 стр. 227.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.