Дулица
Дулица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Осоговија, од десната страна на реката Брегалница, односно езерото Калиманци. Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри и има мешовита земјоделска функција.[1] Оддалечено е 5 километри јужно од Македонска Каменица. Во атарот на селото се наоѓа островот Калата, на кој има остатоци од градиште од доцноантичко време кога местото било возвишение на копно.
Историja[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година, како село во Ќустендилскиот санџак, нахија Пијанец со 11 христијански семејства.[2]
Вп XIX век село е дел од Малешевската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Дулица живееле 450 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дулица имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Дулица живеат 305 жители, сите Македонци.[5]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450[3] | 400[4] | 553 | 646 | 624 | 485 | 448 | 391 | 413 | 305 |
Родови[уреди | уреди извор]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
- Староседелци: Катанци со Гагалевци (17 к.), Клембовци (2 к.), Чуковци (7 к.), Дочијите (5 к.), Колевци (5 к.), Тасковци (3 к.), Уковци (2 к.), Медарето (9 к.), Ѓоревци (4 к.), Нанчевци (2 к.), Црвениковци (3 к.), Цоцевци (6 к.), Чортањето (5 к.), Рајповци (2 к.), Јуруци (1 к.), Бачовци (2 к.)
- Доселеници: Газјанци (8 к.) доселени се во 1834 година од некое село на Осогово од бугарската страна (Трсаново или Тишаново); Кебовци (4 к.) доселени се во 1889 година од селото Безиково кај Кочани; Шопјето (3 к.) доселени се во 1870 година од селото Костин Дол; Ќосевци (4 к.) доселени се во 1894 година од селото Калиманци кај Виница; Дулќерето (2 к.) доселени се во 1900 година од селото Тишаново кај Ќустендил во Бугарија.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 613 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 269 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Бегов Даб — базилика од старохристијанско време
- Градиште — градиште од доцноантичко време
- Калата — градиште од доцноантичко време, денес на остров
- Манастир — населба од римско време и црква и некропола од старохристијанско време
- Селиште - Св. Илија — населба од римско време
- Ќерамидница — црква од старохристијанско време
- Црква — црква од старохристијанско време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.108
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од 1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.200
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |