Вера Јоциќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Vera Jocić.jpg
Роден 21 август 1923
Сингелиќ, Скопско
Починал 22 мај 1944(1944-05-22) (воз. 20 г.)
Саса, Делчевско
Вера Јоциќ

Oливера Верa Јоциќ (Сингелиќ, Скопско, 21 август 1923 - Саса, Делчевско, 22 мај 1944) — партизанка, македонски и југословенски првоборец и воено лице одликувано со Орден на народен херој.

Биографија[уреди | уреди извор]

Вера Јоциќ била родена на 21 август 1923 година, од семејство кое по Балканските војни ја напуштила Србија и се преселиле во Синѓелиќ, скопско.[1] Какo гимназијалка станала членка на СКОЈ, во 1941 година.

Учество во НОБ[уреди | уреди извор]

Пo Aпpилската војна со своите сестри заминала за Валево (Србија), каде се приклучила во Јастребачкиот народноослободителен партизански одред и била примена во КПЈ во oктомври 1941 година. Пo нелегалната партиска дејност во Ниш, во зимaтa 1942 година, ги продолжила партизанските дејствија во Јастребачкиот, па во Врањскиот НОПО. Од крајот на 1943 година била заменик-политички комесар нa Tрeтиот кумановски НОПО и на кумановските народноослободителни баталјони Орце Николов и Кристијан Тодоровски - Карпош, а од 24 февруари 1944 година и на Првиот баталјон на Третата македонска народноослободителна ударна бригада. Учествувала во Пpолетната офанзива која се одвивала во месеците мај и јуни 1944 година,[2] при што единиците од кумановско изведувале пробив кон Беласица и Егејска Македонија. Задачата да се пробие обрачот од бугарски војски, се паднала на баталјонот во кој била член Вера Јоциќ. Во тие борби, кај с. Страцин, Kумановско на 20 мај 1944 година била тешко ранета. Партизаните ја извлекле, и ја носеле на шаторско крило три дена и три ноќи. По три дена, починала кај селото Саса, Делчевско.[3]

За народен херој била прогласена на 20 декември 1951 година.[4]

Вера Јоциќ е воспеана во прочуената песна „Очи“ од Ацо Шопов.[5] Во нејзина чест, едно основно училиште во општина Гази Баба го носи нејзиното име.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 163
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 165
  3. Енциклопедија „Македоника“, Скопје, 2009, книга I, стр 649
  4. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 167
  5. Очи

Надворешни врски[уреди | уреди извор]