24 февруари
Изглед
24 февруари — 55-иот ден во годината според грeгоријанскиот календар. Остануваат 310 денови до крајот на годината (311 во престапна).
Настани:
| 1525 | Во Битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мускети“, и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници. |
| 1582 | Воведен е грегоријанскиот календар. |
| 1819 | Американскиот конгрес го ратификувал договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД. |
| 1882 | Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен Кохова бактерија. |
| 1887 | Воспоставена е телефонска врска меѓу Париз и Брисел. |
| 1920 | Во пивницата „Хофбројхаус“ во Минхен претставена е програмата на Националсоцијалистичката германска работничка партија (НСДАП). |
| 1942 | Во рамките на пропагандната војна, Министерството за информации на САД започнало со емитување на меѓународната програма „Гласот на Америка (Voice of America)“. |
| 1945 | Втора светска војна: Војската на САД го ослободила главниот град на Филипините, Манила кој бил под окупација од страна на Јапонија. |
| 1946 | Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина. |
| 1968 | Борците на Виетконг го зазеле Хуе, третиот по големина град во Виетнам. |
| 1971 | Алжирските власти соопштиле дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата. |
| 1974 | Властите во Пакистан соопштиле дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава. |
| 1987 | Слободан Милошевиќ го посетил САП Косово, каде што се состанал со месните Срби. Во текот на неговите разговори со Србите и со месните комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Дошло до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанал на страната на народот, изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“ |
| 1998 | Францускиот парламент едногласно го ратификувал Договорот за сеопфатна забрана за јадрени проби. |
| 2005 | Римскиот папа Јован Павле II бил подложен на сложена операција со која во дишникот му бил вграден катетер. |
Родени:
Починале:
| 1815 | Роберт Фултон — американски инженер и пронаоѓач, конструктор на паробродот. |
| 1952 | Христо Татарчев — основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација. |
| 1974 | Синиша Станковиќ — српски биолог. |
| 1976 | Димитар Митрев — македонски литературен критичар и есеист, академик. |
| 1990 | Сандро Пертини — претседател на Италија. |
| 1993 | Боби Мур — англиски фудбалер. |
| 2001 | Клод Шенон — американски математичар и компјутерски инженер, „татко“ на информациската теорија. |
| 2006 | Томе Саздов — доајен на спикерската професија во Македонија. |
| 2010 | Момчило Грошев — македонски фудбалер. |
| 2022 | Луан Старова — македонски писател. |
| 2022 | Сали Келерман — американска глумица. |
| 2025 | Роберта Флек — американска пејачка. |