Елпида Караманди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Елпида Караманди.jpg
Роден 1 јануари 1920
Лерин, Егејска Македонија
Починал 3 мај 1942(1942-05-03) (воз. 22 г.)
Лавци, Македонија
Елпида Караманди (1920-1942) народен херој

Елпида Караманди (Лерин, 1 јануари 1920 - с. Лавци, Битолско, 3 мај 1942) — комунистка, учесничка во НОБ и народна хероина од влашка народност.

Биографија[уреди | уреди извор]

Се преселила во Битола откако мајка ѝ се премажила. Елпида во Битола завршила гимназија. Од нејзините школски другари/ки од битолската гимназија потекнуваат револуционери како што бил и Стефан Наумов - Стив. Уште во гимназијата била политички активна, се истакнувала во литературната дружина, на излети, во читање и растурање летоци, во судирите со реакционерната група на љотиќевците.

Во 1938 година Елпида Караманди оди на студии во Белград и се приклучила кон напредното студенско движење. Меѓу напредните студенти/ки имало многу ученици на битолската гимназија, која таа ги познавала и одржувала врски со нив.

Во 1939 година таа е примена во СКОЈ, после што работи поинтензивно. Била вешта во регрутирањето на нови активисти од редовите на младината.

По капитулацијата на Кралство Југославија, таа работела на подготовките за вооружена борба. Во КПЈ е примена во јуни 1941 година. Револуционерните задачи стануваат тешки, опасни и бараат максимална посветеност. Караманди раководи со групите во градот, ги извршува задачите на СКОЈ и посебно по партиска линија. Нејзината партиска активност ја забележала окупаторската полиција при што ја уапсиле.

Во полицијата таа храбро се држи и ништо не признава. Пуштена е од затвор, но знае дека полицијата ја следи. По совет на Месниот комитет на КПЈ за Битола таа се повлекува во илегала.

Во јануари 1942 година станува членка на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Како илегалка не може да развива голема активност и се подготвува за на пролет да оди со партизаните.

На 22 април 1942 година пристапува кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај 1942 година одредот е опколен од бугарска војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранува. Потполно немоќна да изврши самоубиство е фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето при што умрела.[1] За Народен херој на Југославија е прогласена на 11 октомври 1951 година.

Опеана е и во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]