Кирил Михајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кирил Михајловски (1916-1991) народен херој

Кирил Михајловски – Груица (Виница, 1916Белград, 20 мај 1991) бил македонски комунист, учесник во НОВ, генерал-мајор. Во 1953 година е прогласен за народен херој. Носител е и на Партизанска споменица 1941.

Член е на СКОЈ од 1938, а на КПЈ од 1941 година. Пред војната повеќепати бил затворан за политичка активност против државата. Тој е учесник во НОВ од 1941 година. Се борел во партизански единици во Србија, како командант на баталјон, комесар на Првата јужноморавска бригада. Во Македонија бил комесар на Третата македонска бригада, командант на 51. дивизија и командант на Штипската воена област. Делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По војната заземал високи раководни функции во ЈНА.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 974 стр.