Боро Петрушевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Боро Петрушевски - Папучар.jpg
Роден 1920
Куманово, Македонија
Починал 21 април 1943
Горанце, Косово

Боро Петрушевски - Папучар (Куманово, 1920 - 21 април 1943) — македонски комунист, учесник во НОБ. На 20 декември 1951 е прогласен за народен херој на Југославија.[1] Заедно со Лазо Колевски, Петрушевски е првиот кој на 8 септември 1941 година убил непријателски војник по окупацијата на Македонија во Втората светска војна.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Боро Петрушевски е роден во сиромашно земјоделско семејство на Апостол Петрушевски во Куманово. Многу мал се соочил со суровата судбина која наместо во училишните клупи го однела во папучарскиот дуќан. Дење работел во слаткарница, а ноќите ги поминувал во умножување на партиски пропаганден материјал во својот стан.

Во 1936 година станал квалификуван работник и член на СКОЈ. Во 1937 година бил примен во УРС-овите синдикати, а кон крајот на 1939 година станува член на КПЈ. Во 1938/1939 год. Петрушевски раководи со штрајковите на папучарските и чевларските работници во Куманово, а по преселувањето во Скопје во 1939 година,[2] го организирал и раководел штрајкот на папучарските работници во Скопје во 1940 година. Во 1941 година станал секретар на партиската ќелија на кожарските работници.

Во НОБ[уреди | уреди извор]

Спомен плоча на местото каде Боро Петрушевски го проби непријателскиот обрач на 8 септември 1941 година

Ноќта меѓу 8 и 9 септември 1941 година кај Водно бугарската полиција и војска започнала рации, при што Петрушевски бил опколен. Тој успеал да го спакува гештендерот и да го пробие обрачот. Во судирот потешко ранил еден бугарски војник, кој подоцна починал од повредите.[3] Веднаш потоа Петрушевски му се приклучил на Скопскиот партизански одред. По расформирањето на одредот на 2 ноември, за него настапиле тешки денови на илегален живот. Заедно со уште пет другари од Одредот заминале за Прилеп каде требало да се приклучат на Прилепскиот партизански одред.

Во пролетта 1942 година Петрушевски се приклучува на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, а потоа кон крајот на 1942 година на Вториот скопски партизански одред каде е политички комесар на чета. Во 1943 година е борец во Шарпланинскиот партизански одред.[4]

Во април 1943 Боро добил задача да воспостави врска со партизанската организација во Скопска Црна Гора. Но, на патот кај селото Горанце, близу Качаник, загинува во непријателска заседа.

Во негова чест, едно средно училиште во Скопје го носи неговото име.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Беа, загинаа, останаа“ - спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртвите на фашизмот - Скопје. 1969, 15 стр.
  2. „Имињата на улиците на Скопје, Скопје, 1981, 39 стр.
  3. Александар Спасовски „Партизанското движење во Скопје и Скопско 1941-1945“, Архив на Скопје, Скопје, 1984, 45 стр.
  4. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, 1154 стр.