Водно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Водно
Skopje-pano.JPG
Поглед кон планината
Највисока точка
Надм. вис. 1.066 м
Координати 41°57′55.08″ СГШ 21°23′39.84″ ИГД / 
Географија
Област MK
Милениумскиот крст

Водно — средновисока планина сместена во јужниот дел на Скопската Котлина, северна Македонија. Водно има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпрометното место во земјата, градот Скопје.

Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, висок 1066 м.[1] каде се наоѓа колосалниот Милениумски крст. До крстот сообраќа кабинска жичница која го носи неговото име.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата на Водно е пријатна, типично планинска. Во различни периоди од годината климата е многу различна така што средната температура е 23 С°. Најниската измерена температура во месец јануари 2005 г. изнесувала -15 С°, а највисоката измерена температура во месец јули истата година изнесувала 43 С°.

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Водно има разновидна хидрографска мрежа: потоци, подземни води, водопади и извори. На Водно има многу потоци кој овчарите ги користат за напојување на стоката и делумно за наводнување на дивите костени.

На Водно има два типа на подземни води: артерски и бунари.

Објектите што се на повисока надморска височина ги користат артерските подземни води, а објектите кои се на пониска надморска височина ги користат бунарите.

Водата е бактериолошки и хемиски исправна за која заводот за здравствена заштита има издадено потврда.

Водно може да се пофали со еден мини-водопад од страна на селото Долно Соње кој е висок окулу 15 метри и е поактивен на пролет, кога се топи снежната покривка.

На Водно има и многу извори кој се користат за потребните за околното население.

Растителен свет[уреди | уреди извор]

Од растителниот свет на планината Водно може да се сретнат зимзелени и листопадни растенија.

Од листопадните растенија на Водно најзастапен е дивиот костен, но има и бреза, липа, даб, габер и др.

Од зимзилените растенија кој се во поголем број од листопадните, најзастапен е борот кој го има и на двете страни од планината Водно. Со помала застапеност е и смреката, а има застапено зеленика и ели кој се со незначителен број.

Животински свет[уреди | уреди извор]

Претставници од животинскиот свет се следниве:

Водно денес[уреди | уреди извор]

Водно денес и покрај тоа што е значаен туристички центар има мала посетеност на туристи и туристичко-угостителски објекти.

Државата треба повеќе да вложува во природните убавини што ги има планината Водно, но и посетителите не треба да ги оставаат огновите недогасени, ѓубрето често пати насекаде е расфрлано а има и доста диви депонии на кои се фрла смет во големи количини. Тоа е една од пречките зошто Водно нема доволно туристи. Но најголема пречка е тоа што Водно нема стратегија за развој на туризмот.

Посетеноста на Водно е релативно слаба бидејќи нема доволно информативен и пропаганден материјал со кој би ги привлекол туристите.

Рекреативен туризам[уреди | уреди извор]

Манастирската црква „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези

Водно ги има сите предуслови за развој на рекреативниот туризам, бидеќи ги има сите потенцијали. Тоа се следниве:

Водопад - „Прскало“[уреди | уреди извор]

Постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“. Водопадот е реткост за околината на Скопје и тоа е причина повеќе туристите да го посетат.

  • Пределот од село Д. Соње до месноста „Борчиња“ според селските топоними
  • Приватно ловиште на западната страна на Водно
  • Зоолошка градина на Средно Водно
  • Спортско село на северо-источната страна на планината
  • Камп за летување и зимување на јужната страна
  • Патека за пешачење и џогирање за во вечерните часови на подножјето на северниот дел.
  • Велосипетска патека окулу планината
  • Извидничко-туристички предел

Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од нај атрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите. Може да се направи мотел кој ќе опслужува како воздушна бања и центар за рехабилитација.

Приватно ловиште за да се зачува природата и животинскиот свет. Ловиштето треба само да ги размножува постоечките видови и да не лови од другите зони.

Зоолошка градина од поинаков карактер кој место кафези би биле оградени со жица и во кој животните би ги набљудуваме во нивната природна средина на живеење.

Спортското село би било камп во кој спортистите би доаѓале на подготовки, и тоа спортското село би било „расадник“ за млади спортисти.

Кампот за летување и зимување би бил составн од една ливада со сите услови за кампување, и тој камп би работел за време на летната и зимската сезона.

Патека за пешачење-џогирање и велосипетска патека се голема потреба на планината и би биле од голема корист.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Marković, Jovan Đ (1968). Fizička geografija Jugoslavije (2 издание). Naučna knjiga. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]