Зеленика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зеленика
Обична зеленика или шимшир (Buxus sempervirens)
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Зелениковидни
Семејство: Зеленики
Род: Зеленика
L.
Видови

околу 70 вида; во текстот.

Шимшир (Buxus sempervirens)
Buxus colchica
Лисја на Buxus sinica
Лисја на Buxus henryi
Лисја и капсули на Buxus wallichiana
Кора на зеленика
Детал од кора на зеленика

Зеленика или зеленица (науч. Buxus) — род од околу 70 видови во семејството зеленики (Buxaceae).

Зелениката води потекло од западна и јужна Европа, југозападна, јужна и источна Азија, Африка, Мадагаскар, најсеверна Јужна Америка, Средна Америка, Мексико и Карибите, со тоа што најголемиот број видови се тропски или суптропски; само европските и некои азиски видови се отпорни на мраз. Центри на диверзитет наоѓаме во Куба (околу 30 вида), Кина (17 вида) и Мадагаскар (9 вида).

Ова се бавнорастечки зимзелени грмушки и мали дрва, кои растат до висина од 2-12 м (ретко до 15 м). Листовите се спротивставени, заоблени, ланцеолатни и кожести; кај највеќето видови се мали, со должина од 1,5-5 см и широчина од 0,3-2,5 см, но долги и до 11 см и 5 см во ширина кај B. macrocarpa. Цветовите се мали и жолтозелени, со обата пола на едно растение. Плодовите се мали капсули долги по 0,5-1,5 см (до 3 см кај B. macrocarpa) и содржат по неколку мали семиња.

Родот се дели на три генетски посебни отека, секој од различен регион - еден од Евроазија, друг од Африка (соврен северозападна Африка) и Мадагаскар, и трет од Америка. Африканските и американските отсеци се генетски посродни од евроазискиот отсек (Балтазар и др., 2000).

Одбрани видови[уреди | уреди извор]

Европа, северозападна Африка, Азија
Африка, Мадагаскар
Америка

Симболика и употреба[уреди | уреди извор]

Зелениките често се користат како жива ограда и во украсно поткастрување, а цврстото дрво (наречено „шимшир“) е особено вреднувано за дрворез и дрвени печати за печатење. Фактот што цветовите се незабележителни значи дека растението се одгледува за листовите. Зелениката особена примена наоѓа кај живата ограда, украсното поткастрување, и лавиринти во формални градини. Ако ѝ се даде време, живата ограда може да порасне огромна. Меѓутоа често се кастри во мал формат, како кај познатите градини на Виландрискиот дворец во Франција.

Скопската населба Зелениково е именувана по ова растение, заради неговото изобилие во тоа подрачје.

Зелениката традиционално се користела за израборка на белите шаховски фигури.

Зелениката како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Ој зелено, зеленико“ - македонска народна песна.[1]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Balthazar, M. von, Peter K. Endress, P. K., и Qiu, Y.-L. 2000. Phylogenetic relationships in Buxaceae based on nuclear internal transcribed spacers and plastid ndhF sequences. Int. J. Plant Sci. 161(5): 785–792 (онлајн).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, 2006.