Габер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Габер
Ботаничка илустрација на обичниот габер
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Буковидни
Семејство: Брези
Род: Габер
L.
Видови

во текстот.

Листови на белиот габер
Реси на јапонскиот габер

Габер (науч. Carpinus) — род релативно мало дрво од семејството брези (Betulaceae). Опфаќа 30–40 вида, застапени во северните умерени подрачја. Најмногу видови има во источна Азија, особено Кина. Во Европа виреат само два вида, а во Северна Америка само еден.

Во Македонија[уреди]

Во Македонија се присутни обичниот габер, наречен и сабука или воденика (C.betulus), белиот габер (C. orientalis) и црниот габер (Ostrya carpinifolia), кој впрочем припаѓа на родот хмељогабер (Ostrya).[1] Од нив, природно е застапен само црниот.

Опис[уреди]

Листовите се листопадни, наизменични и прости, со назабени рабови и долги од 3 до 10 см. Цветовите излегуваат напролет и имаат облик на виснати реси. Машките и женските се засебни, но растат на истото дрво (еднодомност). Плодот е мал оревче, долг 3–6 мм и сместен во прицветник (плодна лушпа). Прицветникот е малку несиметричен, со триделен или просто овален облик. Несиметричноста му овозможува да се врти додека патува со ветерот и така да стигне подалеку. Обликот на крилцата е пресуден во распознавањето на видовите. Секоја реса има по 10 до 30 семчиња.

Употреба[уреди]

Габерот има многу тврдо дрво. Сушените талпи од срцевината имаат речиси бела боја, погодна за внатрешно уредување. Ретко се користи за столарија, бидејќи тешко се обработува. Од друга страна, токму поради цврстината, од габрово дрво се прават даски за сечење, рачки за алат, дна за рачни стругови, тркала за кочии, механизми за пијано. Во минатото од ова дрво се правеле запци за запченици во ветерниците. Денес од него се прават и паркети и шаховски фигури.

Видови[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Габер“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.
  2. „Carpinus fangiana“. Rogers Trees and Shrubs. http://www.rogerstreesandshrubs.com/gallery/DisplayBlock~bid~11156~source~gallerychooserresult.asp. 
  3. Dai, Jing; Sun, Bainian; Xie, Sanping; Lin, Zhicheng; Wu, Jingyu; Dao, Kequn (2013). A new species of Carpinus (Betulaceae) from the Pliocene of Yunnan Province, China. „Plant Systematics and Evolution“ 299 (3): 643–658. doi:10.1007/s00606-012-0750-1. 

Надворешни врски[уреди]