Шаховска фигура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оригинални Стонтонови фигури - од лево кон десно: пион, топ, коњ, ловец, кралица, крал
Стонтонови фигури на табла и шаховски часовник крај нив

Во шахот, шахистите партијата ја започнуваат со комплет фигури со различна боја, кој содржи:

Шаховски варијанти или пак извесни видови шаховски проблеми бараат нестандардни фантастични фигури.

Видете Бодовна вредност на шаховските фигури за нивната релативна вредност.

Движење на фигурите[уреди | уреди извор]

Главна статија: Шаховски правила
Портал  · Историја
Основи

Фигури  · Табла  · Правила
Стратегија  · Тактика  · Запис

Теорија

Отворање  · Средишница
Завршница  · Мат
Пешачка структура  · Принуден потег
Темпо  · Опозиција

Натпреварувања

Олимпијада
Вајк ан Зее  · Линарес  · М-Тел Мастерс
Дортмунд  · Нанѓинг

Организации

ФИДЕ  · ПША

Списоци

Поими  · Книги  · Партии
Отворања  · Силни турнири

Секоја фигура се движи на различен начин. Обично фигурите неможат да преминуваат преку зафатени полиња, но можат да заземат поле на кое се наоѓа противничка фигура со „земање“ (отстранување од таблата). Само една фигура може да стои на едно поле.

  • Топот се движи само под прави агли (напред, назад, лево и десно) по неограничен број на полиња.
  • Ловецот оди дијагонално по неограничен број на полиња.
  • Дамата кралицата може да се движи под прави агли и дијагонално, по неограничен број на полиња.
  • Кралот може да се движи под прави агли и дијагонално, но само по едно поле.
  • Коњот се движи во облик на буквата „Г“ (две места во еден правец и едно место под прав агол). Ова е единствената фигура која може да скока преку други фигури.
  • Пешакот се движи само напред, по едно место (гледано од кај играчот). При првиот потег, пионот може да прејде две полиња наеднаш. Доколку има непријателска фигура дијагонално (лево или десно) едно поле пред него, пешакот може да се придвижи дијагонално за да ја земе таа фигура. Пионот не може да зема или да скока било која фигура која е директно пред него.

Освен овие потези, кралот и еден од топовите можат да изведат посебен потег наречен рокада: доколку кралот и топот сѐ уште не се поместени од своите почетни позиции, и сите полиша меѓу нив се празни, тогаш кралот може да се помести за две полиња кон топот, а истовремено топот може да дојде на местото кое кралот го прешол. Рокадата не е дозволена во шах-ситуација. Во сериозна партија, мора да се назначи дека следи рокада, или усно или со придвижување прво на кралот пешакот кој ќе успее да дојде до последното поле (гледано од кај него) станува дама. Оваа постапка се нарекува промоција (или, доколку играчот претпочита, топ, ловец или коњ; таа се нарекува „потпромоција“).

Комплети[уреди | уреди извор]

Разни комплети со табли

Шаховските комплети постојат во најразлични облици и дизајни кои можат да бидат од историски до апстрактни. Често среќаваме тематски комплети, инспирирани од приказни или филмови. Овие служат повеќе за украс, отколку за активно играње.

Обично шаховските фигури личат на статуетки кои се повисоки отколку широки. На пример шаховска табла со полиња од 57 mm имаат кралеви со висина од околу 95 mm tall. Од сите најразлични дизајни, највообичаен (и стандарден) е т.н. „Стонтонов дизајн“ наречен по Хауард Стонтон (англиски велемајстор од XIX век), дизајнирани од Натаниел Кук. За првпат биле направени во 1849 од фирмата Жак од Лондон).

Ова е стандардниот шаховски комплет за играње. Според овие стандарди висината на кралот изнесува меѓу 85 mm и 105 mm. Највеќето играчи претпочитаат висина од 95 до 102 mm. Пречникот на кралот изнесува 40–50% од неговата висина. Останатите фигури треба да се пропорционални на димензиите на кралот. Истите треба да се добро балансирани. Големината на полињата треба да изнесува околу 1.25–1.3 пати пречникот на основата на кралот - 50 до 65 mm. Фигурите од гореспоменатата претпочитана големина треба да имаат полиња од 57 mm. Овие критериуми се засновани на правилата на ФИДЕ.

Правилно фигурите треба да се направени од дрво. Иако фактичката боја на фигурите може да биде разна, посветлиот прибор се смета за „бел“, а потемниот за „црн“.

Дрвените бели фигури обично се прават од зеленика или пак јавор. Црните се прават од темно дрво како палисандер, абонос, црвено сандалово дрво или пак оревово дрво; или пак зеленика бојадисана црно, кафено или црвено. Платстичните бли фигури се направени од бела или нечисто-бела пластика а пак црните се прават од црна или црвена пластика. Понекогаш среќаваме и други материјали како коска, слонова коска или мешан материјал.

Малите магнетни комплети понекогаш имаат рамни сплескани фигури налик на жетони, со нацртана ознака за нивно разликување.

Кај компјутерите, шаховските фигури се 2-Д знаци на 2-Д табла, додека неко програми имаат 3-Д компјутерска графика со традиционалните дизајни.

Уникодот содржи знаци за шаховските фигури во бела и црна варијанта.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Шах

Фигури | Табла | Правила | Отворања | Стратегија | Тактика | Завршници | Историја | Запис