Средишница

Од Википедија — слободната енциклопедија
abcdefgh
8
a8 црн топ
d8 црн дама
h8 црн крал
a7 црн пешак
b7 црн коњ
e7 црн ловец
f7 црн пешак
g7 црн топ
h7 црн пешак
e6 црн пешак
f6 бел коњ
g6 црн пешак
c5 црн пешак
e5 бел пешак
f5 црн ловец
g5 бел дама
d4 црн пешак
f4 бел пешак
f3 бел коњ
g3 бел топ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
c1 бел ловец
f1 бел топ
g1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Средишница на партијата Џозеф БлекбернЗигберт Тараш, Вроцлав, 1889 г, по 26.Qg5. Црниот одиграл 26...Nd6.

Средишницашаховски поим кој се однесува на фазата во партијата што настнаува веднаш по отворањето, а пред последната фаза — завршницата. Трансформацијата во завршница обично настанува по размена на дамите, иако доколку на таблата останат некои фигури може и понатаму да се зборува за средишница и покрај отсуството на дамите. Средишницата може да трае голем број на потези, но понекогаш само неколку, кога од отворањето се преминува директно на завршницата, што обично е случај доколку дојде до масовна размена на фигурите.

Средишницата се одликува со тоа што, во неа, противниците се обидуваат да ја засилат својата позиција, притоа обидувајќи се да ја ослабнат позиција на противникот. Оваа фаза се одликува со позиционирање на фигутите на полиња, од коишто би можеле да бидат корисни во организирањето на понатамошните напади или одбрани.

Теоријата на средишницата е послабо развиена и анализирана од онаа на отворањата. Тоа е поради фактот што позициите кои настануваат во средишницата се единствени од партија до партија, па меморирањето на варијантите е невозможно како во отворањето. Анализите во оваа фаза од развојот на партијата се однесуват на соодветни елементи значајни во играта, коишто му овозможуваат на шахистот да дојде до правилна оценка на позицијата, да може да ги пресмета наредните потези и да заклучи до каква позиција води секоја одделна комбинација.

Елементи во средишницата[уреди | уреди извор]

Портал  · Историја
Основи

Фигури  · Табла  · Правила
Стратегија  · Тактика  · Запис

Теорија

Отворање  · Средишница
Завршница  · Мат
Пешачка структура  · Принуден потег
Темпо  · Опозиција

Натпреварувања

Олимпијада
Вајк ан Зее  · Линарес  · М-Тел Мастерс
Дортмунд  · Нанѓинг

Организации

ФИДЕ  · ПША

Списоци

Поими  · Книги  · Партии
Отворања  · Силни турнири

Анализите на средишницата претставуваат анализа на група елементи, кои имаат решавачко влијание во карактерот на позицијата на таблата, а дел од нив се земаат предвид и во желбата правилно да се оцени позицијата.

Во своето дело „Средишница. План“, рускиот меѓународен мајстор и познат шаховски автор Петар Романовски, врши анализа на планот за игра во средишницата, а како три најзначајни фактори ги зема општата методолодија, полето и линијата.

За разлика од него, американскиот велемајстор Рубен Фајн, во своето дело „Средишницата во шахот“, зборува за фактори, кои влијаат на средишницата, а како такви ги наведува: безбедноста на кралот, соодносот на силите и мобилизираноста на фигурите.

Постојат и други согледување за средишницата и нејзините елементи и стратегии, но како најзначајни елементи кои треба да се земат предвид во анализите и најзначајните стартегии кои треба да се спроведат се соодносот на силите, борбата за центарот, положбата на кралот, борбата за отворените линии, борбата за силните полиња, создавање на слабости во позицијата на противникот и организација на напад кон противничкиот крал.

Соодносот на силите[уреди | уреди извор]

Соодносот на силите го претставува односот на збировите од бодовните вредности на шаховските фигури. Страната која има поголема бодовна вредност се вели дека има материјална предност. Според Фајн, секоја материјална предност, па дури и само едејн пешак може да биде одлучувачка. Тој смета дека, материјалната предност обично не доведува до директен матен напад, доколку не е многу голема (топ или повеќе), но таа може да послужи како знак за стекнување на поголема материјална и одлучувачка предност во завршницата.[1] Општоприфатено е дека значењето на материјалната предност, најчесто е прогресивно во развојот на партијата, па така нејзиното значење е најмало во отворањето, а најголемо во завршницата. Тоа е така поради тоа што, кога на таблата има поголем број на фигури, бодовната вредност на фигурата не е релевантен показател за позицијата, односно најголемо значење има активноста на фигурата.

Во средишницата е општопознато дека страната која има поактивни фигури, поголеми изгледи за напад има и положбена предност. Значењето на положбената вредност е поголемо од значењето на материјалната предност во средишницата. Во средишницата, како преодна фаза од отворањето кон завршницата се настојува да се обезбеди материјална предност при т.н. положбена еднаквост, што би овозможило лесна реализација во завршницата. Страната со материјална предност, стекната уште во отворањето или почетокот на срединицата, настојува преку размена на фигурите, средишницата да биде кратка и во завршницата да дојде до лесна реализација.

Борба за центарот[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
d5 црн крст
e5 црн крст
d4 црн крст
e4 црн крст
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
e2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Централните полиња се обележени со „X“

Центарот го сочинуваат полињата d4, d5, е4 и е5 од шаховската табла. Уште од најраните проучувања и анализи на шаховската игра, потврдено е дека шахистот кој успеал да звладее со центарот се стекнува со положбена предност. Логиката на ова тврдење е јасна. Шахистот, кој го зазел центарот, контролира поголем дел од таблата, неговите фигури во центарот се активно распоредени, имаат поголема слобода во играта и се синхронизирани или лесно може да се синхронизираат со останатите фигури (многу е полесно една фигура да се приклучи во нападот, кој е организиран на некое од двете крила, доколку истата се наиоѓа во центарот, отколку на спротивното крило). Во спротивно, фигурите кои се оддалечени од центарот, не ја постигнуваат контролата на максимален број на полиња на таблата, со тоа се попасивни од фигурите во центарот, делуваат помалку синхронизирано и е потребно време за да може да се вклучат во игра.

Поради важноста на центарот, уште во отворањата се вршени анализи, за тоа кој начин е најдобар за контрола на центарот.

Отворените и затворените отворања, овозможуваат рамноправна борба за центарот, со негово заземање со пешаците од двете страни. Најголем дел од шаховските партии започнуваат на овој начин, така што во средишницата може да дојде до целосно разрушување на центарот, или пак до згуснување, односно целосно заземање и засилување на контролата. Во првиот случај, станува збор за отворена позиција, а во вториот за зтворена, која се одликува со долготрајна средишница, при што партијата се заснова на играта во центарот.

Полуотворените отворања и затворања се карактеристични со заземање на центарот од едната страна (белиот) и негова контрола од крилата од другата страна (црниот). Во овие групи на отворања има и некои, во кои црниот се воздржува од заземање на центарот цо првиот потег и со цел добро да се поткрепи тоа го прави во вториот потег. Средишницата по овие отворања, најчесто се одликува со положбена онтрола на центарот, поради негово рано разрушување. Постојат, но во помал број варијанти кои се одликуваат со заземање на центарот во средишницата, кои настанале од овие групи на отворања.

Крилните отворања овозможуваат индиректна контрола во центарот. Со овие отворања, најчесто белиот, но понекогаш и двајцата противници се воздржуваат од рано заземање на центарот. Ова резултира со средишници, во кои белиот има улога, која ја има црниот во средишници, кои настанале по полуотворените и полузатворените отворања.

Положба на кралот[уреди | уреди извор]

abcdefgh
88
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Рокадата го заштитува кралот, но не гарантира негова безбедност.

Во почетната позиција кралот се наоѓа на центарот на таблата. Со секое поместување на пешаците (особено централните), кралот е поотворен, при што се зголемува опасноста од напади. Кога на таблата има многу фигури, кралот е изложен на многу опасности, па затоа не се препорачува негово присуство во бојот.[2] Кога на шаховската табла има многу фигури, тогаш и контролата на полињата е повеќекратна, особено на оние во центарот. Затоа, уште во фазата на отворањето, од обете страни се настојува соодветно засолнување на кралот. Ова овозможува во средишницата, кога најголемиот дел од фигурите се развиени, на кралот да му се обезбеди позиција, на која нема да биде изложен на напади.

Во шаховската практика, најчесто обезбедувањето на положбата на кралот се постигнува со рокада. Во шахот постојат мала и голема рокада, односно рокада на кралското и рокада на дамското крило. Идејата на ртокадата е да се овозможи развој на пасивните топови, а кралот да се засолни во близина на аголот на таблата, односно дел од таблата, кој не е мета на напад на противничките фигури. Сепак, рокадата го заштитува кралот, но не гарантира негова безбедност.[3] По рокадата, противникот ќе настојува да организира напад н крилото, на кое кралот е засолнет и со своите фигури да врши притисок врз негвата заштита и да подготвува матни закани. Здравата логика вели дека најдобро е да се рокира на она крило, каде има помала честота на противничките фигури, со што на противникот би му било потребно време да ги пренесе фигурите и да организира напад. Сепак, врз правилното засолнување на кралот влијаат и други фактори, како што се можностите за обезбедување сигурна заштита, напаѓаките амбиции, пешачката структура и др. Во шаховската теорија, со сите анализи, рокадата е составен дел на речиси сите отворања и истита се врши уште во првите неколку потези.

Борба за отворените линии[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
a8 црн топ
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн ловец
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c6 црн коњ
b5 бел ловец
d5 црн пешак
f3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
f1 бел топ
g1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Во позицијата на дижјаграмот, е-вертикалата е отворена и е насочена директно кон црниот крал. Со нејзиното заземање белиот може да се стекне со контрола на важни полиња, а истовремено и полесно да организира напад кон противничкиот крал.

На шаховската табла постојат три видови линии: вертикали, хоризонтали и дијагонали. Вертикалите служат за пренос на тешките фигури во противничкиот лагер, хоризонталите за нивно пренесување од едно крило на друго, а дијагоналите за обезбедување на контрола на некои полиња, но и создавање на матни удари, со помош на ловецот и дамата.[4]

Борбата за отворените (линии на кои нема ниту еден пешак) и полуотворените линии (линии на кои има само еден пешак) е од особено значење. Обезбедувањето на контрола на една отворена линија без борба е невозможно.[5] Поради тоа, едната страна е принудена да ја оневозможи противничката страна, прва да завладее со отворената линија. Тоа се обезбедува со контрола на полето, на кое се обезбедуива контрола нз позицијата, добивање на предност во облик на темпо и предизвикување на несигурна положба на кралот.

Со контрола на цела линија, се овозможува контрола на голем број на полиња, брза синхронизација на фигурите, поголеми можности за напад, брза и лесна организација на напад и др. Како особено значајна предност е и тоа што контролата на отворените линии им овозможува на фигурите само со еден одигран потег да ја заменат одбранбената функција со напаѓачка и обратно. Искористувањето на отворените линии (најчесто дијагоналите) може да резултира со создавање на батерија, која претставува силно напаѓачко оружје во шахот.

Во бобрата за отворените линии, треба да се напомене дека спаѓа и оневозможувањето на противникот да завладее со некоја отворена линија. Контролата на противникот на некоја отворена линија, може да му овозможи да организира контраигра.

Борба за силните полиња[уреди | уреди извор]

Борбата за силните полиња е со еднакво значење како и борбата за центарот и бобрата за отворените линии. Во развојот на шаховската партија, со секој одигран потег некои полиња се ослабнуваат, а некои се засилуваат. Силното поле за противникот претставува слабост, која сепа за да има ефект потребно е да се искористи.

Обезбедувањето на силните полиња, може да биде со нивна контрола и нивно заземање. Најчесто контролата на силните полиња е проследена со нивно заземање. Контролата може да се јави во вид на контрола на слободно поле и контрола на пункт.

abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн топ
g7 црн крал
d6 црн пешак
g6 црн пешак
c5 црн пешак
d5 бел пешак
e5 црн пешак
a4 црн пешак
d4 црн коњ
g4 бел ловец
a3 бел пешак
g3 бел пешак
b2 бел пешак
d2 бел топ
f2 бел пешак
g2 бел крал
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Во оваа позиција, црниот коњ на d4 претставува „вечен коњ“. За да може белиот да го отстрани ќе мора за тоа да плати со топ.

Контролата на слободно поле, всушност претставува надмоќ на точно определено поле, кое е обезбедено за заземање нод страна на некоја фигура. Успехот на овој вид на контрола резултира со заземање на полето. Најдобро е , неговото заземање да биде што побрзо, бидејќи можни се промени во позицијата, кои може да доведат до контраконтрола.

Контролата на пункт, всушност претставува напад на некој пешак, поретко фигура. Секогаш се настојува да се контролираат пунктовите, кои ја претставуваат заштитата на противничкиот крал, со што се создаваат матни закани.

При заземањето на силните полиња, особено се обрнува внимание на централните полиња. Фигурата, која се наоѓа на силно поле и е избавена од сите закани за нејзино отстранување може да има решавачко влијание во партијата. Овде особено е значајно создавањето на т.н. „вечен коњ“.[6] Во голем број на партии, вечниот коњ претставува предност, којашто неговата вредност ја изедначува со вредноста на топ.

Создавање на слабости во позицијата на противникот[уреди | уреди извор]

Позиционите слабости на противникот не се создаваат без преземање на некоја конкретна активност за таа цел. За нивно настанување потребни се пресметки во позицијата, во средишницата и предвидување на завршницата која би настанала. Како слабости, кои имаат особено значење за карактерот на партијата се слабостите во пешачката структура и слабите полиња.

Пешачката структура го претставува распоредот на пешаците во конкретна позиција на таблата. Промените за пешачката структура се карактеристични во отворањата и средишниците, а понекогаш и во завршниците. Во своето дело „Како да се стане велемајстор“, познатиот советски велемајстор Александар Котов како големи слабости во пеашачката структура ги посочува пешачките острови.[7]

Во поглед на одликите на пешачката структура, најголеми слабости се појавата на двојни пешаци, изолиран пешак[а] и заостанат пешак[б]. Причинувањето на овие слабости во пешачката структура на противникот овозможуваат добивање на предност во завршницата. Двојните пешаци се незаштитени и занивната заштита е потребно ангажирање на фигури, што овозможува создавање на алтернативни можности за игра. Главно до причинување на овие слабости се дбива преку принуда поради активност на фигурите, моќен пешачки центар, размена на лесните фигури, а неретко истите се причинуваат и со жртва на материјален квалитет. Жртвата на материјален квалитет е типична при желбата да се наруши пешачката гарда пред противничкиот крал.[5]

Како што веќе беше споменато, слабите полиња може да бидат решавачки фактор во партијата. Нивното искористување, односно создавањето на т.н. „вечен коњ“ овозможуваат целосно нарушувања во позицијата на противникот. При создавањето на слабите полиња во противничката позиција, пред сè се гледа тие да резултираат со ослабнување на позицијата на противничкиот крал. Ова често се прави со жртва на пешаци, фигура, па дури и повеќе фигури, што со искористувањето на слабите полиња во противничката позиција треба да доведе до неодбранливи матни закани.[8]

Стратешки согледувања[уреди | уреди извор]

Стратегијата потребна за играта во средишницата се разликува од случај до случај. Некои позиции имаат карактер на затворени, во кои е типична подготвителната игра за отворање на линиите. За разлика од нив, некои се отворени и во нивобете страни се обидуваат да се стекнат со иницијативата. Мајсторот и автор Дан Хајсман посочува три одлики кои може сериозно да влијаат на промените во играта.[9]

Прво, ако кралевите се засолнети со рокади на спротивните крила, а дамите сè уште се на таблата, позицијата е жестока, а обете страни се стремат да го нападнат противничкиот крал. Во овој случај, материјалните намери се второстепени и главно се однесуваат на загуба на неколку пешаци или фигури, заради отворање на линиите кон противничкиот крал.

Второ, позициите во кои пешачката структура е статична и блокирана, вообичаена е појавата на заемни напади, при што противниците организират напад на страната на која имаат повеќе простор (со играње на страната на која пешаците се слободни). Во средишницата, обично времето е кратко за спроведување на многу долги маневри. Обете страни треба да бидат подготвени за ненадејни пешачки удари и можностa предноста од заземање на отворените линии да им припадне ним.

Трето, ако еден шахист има многу голема материјална предност, тој сигурно победува. Во тој случај, неговата цел ќе биде преку размена на фигурите, да дојде до завршницата, во која материјалчната предност ќе биде најизразита. На пример, размената на дамите за цена од полоша пешачка структура може да претставува исплатлива можност.

Трансформација во завршница[уреди | уреди извор]

Не сите партии ја доживуваат завршницата. Постојат партии, во кои комбинацијата спроведена, за напад на противничкиот крал резултирала со неодбранлива закана уште во средишницата. Но, во најголем број на случаи, партијата се одлучува во завршницата. Особено значајно е да се научи како да се добиваат размените во средишницата и да се стекне решавачќката предност во завршницата.

Последната работа, којашто треба да се направи во средишницата е да се постави позиција за завршницата. Многу завршници завршуваат со промоција на пешак, па поради тоа најдобро е тоа да се има на ум при правењето на размените во средишницата. Светскиот првак Макс Еве ја сметал надмоќта на пешаците на дамското крило за предност, бидејќи ова може да доведе до создавањето на прооден пешак.[10]

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Изолираниот пешак не мора секогаш да претставува слабост. На пример, во завршницата изолираниот пешак со чист пат до промоција се нарекува слободен пешак и претставува моќно оружје.
  • б Со саможртвување на заостанатиот пешак во завршницата, може да се дојде до сигурна промоција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Reuben Fine: „The Middle Game in Chess“.
  2. Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 41
  3. Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 42
  4. Петар Романовски: „Средишница. План“, Физкултьура и спорт, Москва, 1960, стр.59
  5. 5,0 5,1 Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 63
  6. Петар Романовски: „Средишница. План“, Физкултьура и спорт, Москва, 1960, стр.43
  7. А. Котов: „Како да се стане велемајстот“, Физкултьура и спорт, Москва, 1985, стр.26
  8. Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 48-54
  9. Heisman, Dan. „Novice Nook: The Six Common Chess States“ (PDF). chesscafe.com. Посетено на 2009-03-21.
  10. „Pawn Majority“. chesslodge.com. 17 февруари 2007. Архивирано од изворникот на 2009-06-30. Посетено на 2009-03-21.

Користена литература[уреди | уреди извор]


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Средишница е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.