Прејди на содржината

М-Тел Мастерс

Од Википедија — слободната енциклопедија

М-Тел Мастерс е супервелемајсторски шаховски турнир, кој се одржува секоја година, почнувајќи од 2005 во Софија, Бугарија. Генерален спонзор на турнирот е најголемата телекомуникациска мрежа во Бугарија, компанијата Мобилтел (М-Тел), по која и турнирот го добил своето име. Според правилата, секој од шесте учесници игра по две партии со секој остант противник, со што турнирот добива карактер на Бергеров систем. Местото на одржување е хоетлот со 5 ѕвезди Гранд Хотел Софија.

М-Тел Мастерс 2005

[уреди | уреди извор]
Портал  · Историја
Основи

Фигури  · Табла  · Правила
Стратегија  · Тактика  · Запис

Теорија

Отворање  · Средишница
Завршница  · Мат
Пешачка структура  · Принуден потег
Темпо  · Опозиција

Натпреварувања

Олимпијада
Вајк ан Зее  · Линарес  · М-Тел Мастерс
Дортмунд  · Нанѓинг

Организации

ФИДЕ  · ПША

Списоци

Поими  · Книги  · Партии
Отворања  · Силни турнири

Првиот турнир се одржа од 11 до 22 мај 2005 како дел од прославата на десетгодишнината од постоењето на компанијата во Бугарија. На турнирот учествуваа шахистите од самиот врв: Вишванатан Ананд, Веселин Топалов, Владимир Крамник, Мајкл Адамс, Јудит Полгар и Руслан Пономариов. Турнирот во 2005 беше класифициран во 20. категорија според ФИДЕ и според просечниот Ело рејтинг беше најсилниот шаховски турнир во 2005 со просечен рејтинг од 2744 бода. На турнирот победи Веселин Топалов, а наградата му беше врачена од страна на претседателот на Бугарија Георги Прванов.

МестоУчесникБодови
1 Веселин Топалов
2 Вишванатан Ананд
3 Руслан Пономариов5
3 Јудит Полгар5
5 Владимир Крамник4
5 Мајкл Адамс4

М-Тел Мастерс 2006

[уреди | уреди извор]

Во 2006, турнирот се одржа од 10 до 21 мај, а на него учествуваа Веселин Топалов, Вишванатан Ананд, Руслан Пономариов, Петар Свидлер, Етјен Бакро и Гата Камски. Бразилскиот писател Паоло Коељо го одигра првиот потег на турнирот, којшто официјално беше отворен од претседателот на Бугарија, Георги Прванов.

Топалов победи на турнирот по вторпат, по одличното враќање по слабите почетни партии. Тој победи во последните 4 партии, со што оствари резултат од 6½ бодови што беше доволно за победа. Во претпоследниот круг, тој го победи главниот конкурент Гата Камски.

МестоУчесникБодови
1 Веселин Топалов
2 Гата Камски6
3 Вишванатан Ананд
4 Петар Свидлер5
5 Етјен Бакро
5 Руслан Пономариов

М-Тел Мастерс 2007

[уреди | уреди извор]

М-Тел Мастерс турнирот во 2007 се одржа од 9 до 20 мај, а учество земаа Топалов, Ливиу-Дитер Нисипеану, Шахријар Мамедјаров, Гата Камски, Мајкл Адам и Кришнан Сасикиријан. Топалов победи на турнирот по трет последователен пат, победувајќи го во последниот круг дотогашниот водечки на табелата Сасикиријан.

МестоУчесник123456Бодови
1 Веселин Топалов* *1 10 ½½ ½0 1½ ½
2 Кришнан Сасикиријан0 0* *½ 11 0½ ½½ 15
3 Шахријар Мамедјаров1 ½½ 0* *1 0½ ½½ ½5
4 Гата Камски½ ½0 10 1* *½ ½½ ½5
5 Ливиу-Дитер Нисипеану½ ½½ ½½ ½½ ½* *0 15
6 Мајкл Адамс½ ½½ ½½ 0½ ½1 0* *

М-Тел Мастерс 2008

[уреди | уреди извор]

Во 2008, М-Тел Мастерс турнирот се одржа од 8 до 18 мај. Василиј Иванчук убедливо на турнирот. Тој победи во првите 5 партии, а на турнирот остана непшоразен, остварувајќи позитивен резултат против сите останати шахисти. Победникот на претходните 3 турнири Веселин Топалов заврши втор.

МестоУчесник123456Бодови
1 Василиј Иванчук* *1 ½1 ½1 11 ½1 ½8
2 Веселин Топалов0 ½* *½ ½1 11 01 1
3 Тејмур Раџабов0 ½½ ½* *½ ½½ 1½ 1
4 Иван Чепаринов0 00 0½ ½* *1 1½ ½4
5 Бу Сјанџи0 ½0 1½ 00 0* *½ ½3
6 Левон Аронјан0 ½0 0½ 0½ ½½ ½* *3

М-Тел Мастерс 2009

[уреди | уреди извор]

Турнирот во 2009, се одржа од 12 до 23 мај. Покрај редовниот учесник Веселин Топалов, останати учесници се: Магнус Карлсен, Василиј Иванчук, Алексеј Широв, Ванг Јуе и Линиер Домигез.

МестоУчесник123456Бодови
1 Алексеј Широв* *½ 1½ ½½ ½½ ½1 1
2 Магнус Карлсен½ 0* *1 ½½ 1½ 1½ ½6
3 Веселин Топалов½ ½0 ½* *1 ½½ ½1 16
4 Ванг Јуе½ ½½ 00 ½* *½ ½1 ½
5 Линиер Домингез½ ½½ 0½ ½½ ½* *½ 04
6 Василиј Иванчук0 0½ ½0 00 ½½ 1* *3

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]