22 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< мај >>
Н П В С Ч П С
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

22 мај е 142-иот ден во годината според григоријанскиот календар (143-и во престапна година). Остануваат 223 денови до крајот на годината.

Настани:

1819  Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот параброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот.
1918  Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
1947  Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа, егзодус на Македонците.
1967  Повеќе од 320 луѓе загинале во стоковната куќа „Иновасион“ во Брисел.
1972  Претседателот на САД, Ричард Никсон го посетил Советскиот Сојуз. Тоа било првата посета на американски претседател на СССР.
1972  Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.
2004  Во Мадрид, шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија, Фелипе Бурбонски, се венчал со поранешната телевизиска водителка Летисија Ортис. Тоа било првото кралско венчавање на територијата на Шпанија по пауза од 98 години.
2012  Била отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втората највисока градба во светот.

Родени:

1813  Рихард Вагнер — германски композитор, реформатор на операта.
1907  Лоренс Оливие — англиски театарски и филмски глумец, режисер и продуцент.
1937  Виктор Понеделник — руски и советскифудбалер.
1946  Владимир Ангеловски — македонски актер.
1965  Фанис Христодулу — грчки кошаркар.
1977  Жан Кристоф Перо — француски велосипедист.
1987  Новак Ѓоковиќ — српски тенисер.

Починале:

1564  Жан Калвин — верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква.
1885  Виктор Иго — француски писател, основач на францускиот романтизам во XIX век.
2010  Гане Тодоровски — истакнат македонски поет и книжевен критичар.

Празници:

Национален празник на Шри Ланка.
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември