Жртва (шах)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Жртва е поим кој во шахот претставува потег со кој едниот противник на другиот му нуди фигура или пешак, со надеж дека промените кои ќе настанат во позицијата со прифаќање на понудениот материјал, на страната која ја понудила жртвата ќе ѝ донесат тактичка или позициона компензација во различни форми. Поимот „жртва“ се употребува и при размена на фигура со поголема материјална вредност за фигура со поматеријална вредност.

Секоја фигура, освен кралот може да се жртвува. Поради фактот што, обично најголемиот број на шахисти се обидуваат да ги зачуваат своите фигури и правилно да ги позиционираат, жртвите се ненадејна појава и изненадување за противникот, што влијае негативно од психолошки аспект за противникот, при што тој обично е принуден да изгуби повеќе време пресметувајќи ги сите можни комбинации и оценувајќи ги сите можни позиции кои би можеле да настанат по прифаќањето или отфрлањето на жртвата. Партиите, кои содржат комбинација со жртва на дама или повеќе фигури во една комбинација, најчесто имаат позитивна критика и се наградувани.

Видови на жртви[уреди | уреди извор]

Вистинска наспроти псевдо жртва[уреди | уреди извор]

Основната поделба на жртвите во шахот е на вистински и псевдо жртви:

  • По вистинаксата жртва, шахистот кој жртвувал материјал често мора да игра со материјален недостаток одредено време.
  • По псевдо жртва, шахистот којшто ја нуди жртвата набргу воспоставува материјална рамнотежа или пак доаѓа и до материјална предност. Псевдо жртвата од овој вид понекогаш е позната како лажна жртва и чсто води до мат[1]

Бидејќи вистинската жртва носи индиректни резултати, не може само по неколку потези да се воочи дали позицијата на шахистот кој ја понудил жртвата е подобра или полоша отколку пред жртвувањето на фигурата. Поради ова, вистинските жртв често се нарекуваат шпекулативни жртви.

Вистински жртви[уреди | уреди извор]

Напад на крал. Шахистот може да жртвува пешак или фигура за да ги отвори линиите, кои може да ги ползува за напад на противничкиот крал, за да се стекне со просторна предност на кралското крило, да ја разбие пешачката гарда пред противничкиот крал и да создаде слаби полиња во противничката позиција или да го задржи противничкиот крал во центарот. И покрај тоа, патот до мат може да биде несигурен па дури може и да не постои. Доколку противникот, успее да се одбрани од нападот, задржувајќи ја материјалната предност, најчесто победува. Типичен пример за тоа е грчкиот подарок.

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн коњ
e7 црн ловец
f7 бел ловец
g7 црн пешак
h7 црн пешак
d6 црн пешак
f6 црн коњ
e5 црн пешак
e4 бел пешак
c3 бел коњ
f3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
f1 бел топ
g1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Неочекувана жртва со потегот 6.Lxf7+

Развој. Вообичаено е да се жртвува пешак во отворањето за да се забрза развојот. Во оваа група спаѓаат гамбитите. Жртвите кои се нудат за да се обезбеди побрз развој може да бидат одбиени од противникот или да бидат понудени контражртви, во сротивно развојот на страната која жртвува материјал може да се претвори во убиствен напад над противничкиот крал.

Стратешка/позициона жртва. Главната цел на сите вистински жртви е да се обезбеди позициона предност. И покрај тоа, постојат шпекулативни жртви, при што компензацијата е во облик на отворени линии или слабости во пешачката струтура на противникот. Во ваква ситуација, не е јасно до кој степен стекнатата позициона предност може да се претвори во материјална и кои стандарди се користат при изразувањето на материјалната предност преку позиционата. Ова се најтешките жртви, кои со ризикот кој го носат бараат и одлично стратешко разбирање.

Псевдо жртви[уреди | уреди извор]

Мат. Најголемата корист и главната цел која се очекува да се оствари со жртвувањето на материјал е да се матира противничкиот крал. За остварување на оваа основна цел во шахот, недостигот на материјал (видете Поенска вредност на шаховските фигури) не мора да го попречува планот за матирање на противничкиот крал. Жртвите кои водат до мат се типични форсирачки и често објавувањето на повеќе шахови го остава противникот пред само една или неколку опции (на пример, доколку на црниот крал му е објавен шах од страна на белиот коњ и доколку црната дама го земе коњот, по што белиот топ го матира црниот крал).

Избегнување на пораз. Целта на овој вид на псевдо жртви е од изгубена позиција, во која послабата страна има голем материјален недостиг, преку жртва на преостанатиот материјал да се обезбеди реми. Жртвата се нуди за да се дојде до пат или вечен шах. Тоа може да се направи со создавање на тврдина или да се ремизира на друг начин.

Стекнување на материјална предност. Жртвата може да биде понудена и со цел да се спроведе комбинација, која доведува не само до воспоставување на материјална рамнотежа, туку и до стекнување на материјална предност, со што се потврдува полновредносното значење на понудената жртва. Како посебен пример, во оваа група на ртви е пешачката промоција.

Расчистување. Жртвувањето на материјал може да биде корисно и во позиции, кога едната срана има голема материјална предност и само прашање на време е кога ќе биде матиран противничкиот крал. Основно правило во шахот е да се заменат противничките фигури и да се дојде до чиста позиција, во која е очигледно која страна ќе победи. Ова обично се прави со размена на соодветните фигури, но во одредени позиции, можно е истото да се стори и сожртва на материјал. Користа од ваквите позиции е јасна и води до побрзо матирање на противничкиот крал.

Форсирани и нефорсирани жртви[уреди | уреди извор]

Според друга поделба, се разликуваат форсирани и нефорсирани жртви. Форсираните жртви го оставаат противникот без друга ожност, освен да ја прифати жртвата, најчесто поради голем материјален недостаток или форсиран мат, доколку жртвата биде одбиена. За разлика од форсираните, нефорсираните жртви на страната на која ѝ е понудена жртвата ѝ даваат можност да избере. Вообичаена грешка е кога не може да се одреди кога оделна жртва може да биде одбиена со безболни ефекти.

Останати видови на жртви[уреди | уреди извор]

  • Тактичката жртва може да биде категоризирана подлабоко, иако постојат жртви кои може да бидат категоризирани во повеќе категории.[2]
  • Со отстранувачките жртви, целта е да се оддалечи противниќката фигура од поелто на кое најдобро е позиционирана.
  • Со разорувачките жртви се жртвува фигура со цел да се отстрани материјалниот недостаток, и тоа со жртва на повредна фигура, при што шахистот којшто ја спроведува жртвата може да обезбеди контрола на полиња на кои нема пристап пред тоа.
  • Магнетна жртва е слична со отстранувачката жртва, но целта која се сака да се постигне со магнетната жртва е да се отстрани противничката фигура од силното и да се смести на послабо поле.
  • Со расчистувачката жртва, шахистот кој ја нуди жртвата се стреми да го ослободи полето на кое се наоѓа жртвуваната фигура или да им ослободи простор на останатите фигури полесно да се синхронизираат или на истото поле да постави фигура, која би имало поголемо влијание во одржувањето на позицијата и создавањето на натамошната игра.
  • Со темпо жртвата, шахистот кој ја нуди жртвата се воздржува од трошење време за оневозможување на противникот да освои материјал, бидејќи времето кое е заштедено може да се искористи за нешто подобро и поконкретно (на пример, напад на кралот со помош на двојни пешацин до промоција).
  • Целта на самоубиствената жртва е страната која ја понудува жртвата да се осолободи од останатите фигури, кои имаат потези на располагање и со тоа од послаба позиција да се обезбеди реми.

Примери[уреди | уреди извор]

Отстранувачка жртва[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
c8 црн топ
e8 црн топ
g8 црн крал
b7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн ловец
h7 црн пешак
g6 црн пешак
a5 црн пешак
g5 бел ловец
a4 бел пешак
c4 црн дама
d4 бел пешак
d3 бел дама
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
d1 бел топ
g1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Аронјан - Свидлер, Меморијален турнир во чест на Михаил Таљ, Москва, 2006 Позицијата по 24. exd4??

Во позицијата на дијаграмот [3], белата дама на d3 е на врвот од скалата, на чие дно се наоѓа топот на d1. Тој погрешно одиграл 24. exd4??, отворајќи ја вертикалата е за црниот топ. Откако црниот (Свидлер) одиграл 24. ...Te1+!, белиот (Аронјан) бил принуден да се предаде, бинаку во спротивно по форсираниот потег 25.Txe1, би ја загубил дамата (на 25.Df1, следува 25...Dxf1# ).

Овој вид на жртва е наречен и „трик со скала и кука“, при што белата дама се наоѓа на врвот од скалата, односно ја претставува куката, а на дното се наоѓа топот, кој ја заштитува.[4]

Жртва за избегнување на пораз[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
c8 бел дама
f7 бел топ
g7 црн пешак
h7 црн крал
b5 црн пешак
e5 црн пешак
g5 црн дама
h5 црн пешак
b4 бел пешак
e4 бел пешак
f4 црн коњ
h4 бел пешак
f3 бел пешак
g3 бел пешак
e2 црн топ
h1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Во позицијата на дијаграмот, црниот одиграл 1...Dxg3? со неодбранлива матна закана. Но, по потегот 2. Dg8+!, црниот е принуден да ја прими жртвата, бидејќи во спротивно ќе биде матиран. По 2...Kxg8, следува 3. Txg7+!. Белиот настојува да му објавува шах на противничкиот крал на седмата хоризонтала, при што црниот не смее да го земе топот, бидејќи би настанала пат позиција.[5]

Оваа одбрана на Еванс била наречена „измама на векот“.[6] Во оваа позиција, белиот топ се нарекува десперадо.

Нефорсирана жртва[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
c8 црн ловец
d8 црн дама
f8 црн топ
g8 црн крал
b7 црн пешак
d7 црн коњ
e7 црн ловец
f7 црн пешак
g7 црн пешак
d6 црн пешак
e6 црн пешак
f6 црн коњ
h6 црн пешак
a5 црн пешак
b5 бел пешак
g5 бел коњ
c4 бел пешак
h4 бел пешак
a3 бел пешак
c3 бел коњ
e3 бел пешак
b2 бел ловец
c2 бел дама
e2 бел ловец
f2 бел пешак
g2 бел пешак
a1 бел топ
e1 бел крал
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Во оваа позиција, Решевски е ставен во дилема, дали да ја прифати или одбие понудената жртва. Белиот штотуку одиграл h2-h4. Ако црниот го земе коњот, тој ќе биде принуден да го жртвува својот коњ на f6, за да избегне мат на h7. Наместо да го прави ова, тој може само да ја одбие жртвата и да ја продолжи играта.

Позициона жртва[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
d8 црн дама
f8 црн топ
g8 црн крал
a7 црн пешак
b7 црн ловец
e7 црн ловец
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
b6 црн пешак
e6 црн пешак
f6 црн коњ
d5 црн пешак
e5 бел пешак
f4 бел пешак
a3 бел пешак
c3 бел коњ
d3 бел пешак
e3 бел ловец
f3 бел коњ
b2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
d1 бел дама
f1 бел топ
h1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Спаски - Таљ, Москва, 1971

Во позицијата на дијаграмот, партијата продолжила со 1... d4! 2. Sxd4 Sd5. Во размената за жртвуваниот пешак, црниот добил полуотворена хоризонтала, дијагонала, пункт на d5 и го натажил белиот со заостанатиот пешак на d3. И покрај тоа, јасно е дека ова е доволна компензација. Партијата би требало да заврши реми.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rudolf Spielman, "The Art of Sacrifice in Chess", 1995, Dover, ISBN 0-486-28449-2
  2. This classification scheme was presented by Hans Olav Lahlum in a series of articles in Norsk Sjakkblad, бр. 2 2006 (стр. 44), бр. 3 2006 (p. 44), бр. 4 2006 (стр. 44), бр. 5 2006 (стр. 35) и бр. 6 2006 (стр. 31)
  3. No Archiving Spiders Allowed
  4. The Hook & Ladder Trick Chess Life Dana Mackenzie
  5. http://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1252040 Evans - Reshevsky, USA 1963
  6. Stalemate! Jack O’Keefe, Michigan Chess Association.

Корисна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]