Реса (ботаника)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Машка реса на врба

Реса е тенка цилиндрична китка од цветови кои се опрашуваат ветерно (анемофилно) и немаат ливчиња. Ресите се наоѓаат кај многу растителни фамилии како Брези, Буки, Црници и Врби. Содржат еднополови цветови. Често едно растение има само машки реси, додека друго само женски, но можно е да ги има и двете. Ресородни растенија се даб, бреза, врба, јасика, костен, комптонија и топола.